ЛГБТИ-активистите во Бугарија покренаа иницијатива со која се бара софиските властите да овозможат мирно спроведување на закажаниот Прајд, кој треба да се случи оваа сабота.
Активистите наведуваат дека додека ширум светот се подготвуваат Прајд манифестации, на кои милиони луѓе се подготвуваат да прослават со мирни маршови и огромни забави, но дека тоа не е случајот со Прајдот во Софија.
„Сепак, Прајдот не е забава за сите. Во главниот бугарски град Софија, учесниците на маршот на Гордоста се соочуваат со невидено насилство. Неонацистичката група „Национален отпор“, позната по извршени злосторства од омраза, регистрирала официјален настан во исто време и на иста локација со Софија Прајд, притоа повикувајќи ги учесниците да донесат „метли и лопати со дрвени рачки за да ја исчистат Софија и Бугарија од ѓубре“.
Активистите велат дека оваа е јасен повик за насилство врз ЛГБТИ заедницата ан Софија Прајд, кој е најавен за сабота.
„Можете да помогнете и да го дигнете својот глас за ЛГБТИ заедницата во Бугарија. Потпишете ја петицијата со која се повикуваат локалните власти да ја осигураат безбедноста на учесниците на Маршот на гордоста“, стои во петицијата која е дел од кампањата која се спроведува со Европската асоцијација на организатори на Прајд.