Поголема е веројатноста геј татковците да бидат поактивно вклучени во животите на своите деца, за разлика од стрејт татковците, покажа последната студија.
Докторантот на Универзитетот Рутгерс, Ендрју Лиленд вели дека геј мажите многу повеќе сакаат да бидат вклучени во школските активности на своите деца.
Истражувањето на Лиленд ја отврдува студијата на „Геј Лезбијан Стрејт Нетворк“, која исто така покажа дека поголема е веројатноста геј татковците да бидат инволвирани, отколку стејт татковците.
Лиленд вели дека голем дел од мажите кои учествувале во неговото истражување рекле дека активно се вклучени во животите на своите деца „превентивно справувајќи се со потенцијалните негативни ситуации со вработените во училиштето и со другите семејства“.
Со други зборови речено, геј мажите имаат чувство дека ќе се најдат на тапет кај останатите луѓе, ќе ги осудуваат поради нивните родителски вештини само поради фактот затоа што се геј. Од тие причини тие вложуваат двојно повеќе напори за да не се доведат во непријатни ситуации.
Еби Голдберг, истражувачка од Универзитетот Кларк, утврдила дека зголеменото присуство би можело да биде дел од иницијативата на родителите да се борат против предрасудите и да ги направат истополовите двојки повидливи.
Голдберг уште во 2012 година за магазинот „Лајв сајенс“ изјави дека геј родителите најчесто се „помотивирани и попосветени“ затоа што тие избираат да бидат родители. Таа појаснува дека речиси 50 отсто од бременостите кај хетеросексуалните двојки се непланирани, што не е случајот со геј и лезбијските двојки.