Во Лос Анџелес годинешната Парада на гордоста беше преименувана во „Марш на отпорот“ поради американскиот претседател Доналд Трамп. На маршот во Холивуд учествуваа десетици илјади лица.
Како што јавуваат американските медиуми, некои од учесниците носеле знамиња со бои на виножитото и транспаренти, на кои пишува „Љубовта на победува омразата“ (Love Trumps Hate). Меѓу говорниците на собирот беше и градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети.
– Ова не е година за паради, туку година кога мораме да излеземе на улиците и да маршираме. Маршот говори за славењето на заедницата, но и за препознавање на климата во која живееме и деликатната рамнотежа околу граѓанските права – изјави Стивен Мацијас, портпарол на организаторот на маршот.
Овој потег наиде на критики од некои ЛГБТ организации ви јужна Калифорнија, кои велат дека на тој ден се слават правата на задницата и не треба да се посветува внимание на некои политички прашања.
Парадата во Лос Анџелес е одржана еден ден по протестот во Вашингтон, на кои демонстрантите бараа транс жените да влезат во одборот на организацијата на Прајдот во главниот град на САД и да им се забрани на полицијата да шета заедно со учесниците на парадата.
Месецов се одржуваат Прајдови се одржуваат ширум САД, а некои веќе се одржаа викендов.