Неделата на гордоста во Ниш почнува утре вечер со јавно читање на исповеди на ЛГБТИ лицата во Градска куќа, а потоа во текот на вечерта манифестацијата ќе продолжи на плоштадот Крал Милан, каде ќе бидат пуштени балони во боите на виножитото.
Според најавите на орранизаторот, „Колектив“ – Центар за унапредување на правата на ЛГБТ лицата и „Женски простор“, до 2 јули во Ниш ќе бидат организирани трибини, работилници, проекции на филмови и забави.
Најавени се повеќе активности, како садење дрва во Паркот на толеранцијата, изложбата „Сите човечки суштества се еднакви во достоинството и правата“ и концерт на групата „Мама мора да слуша“.
Инаку викендов во Белград се одржа Парада на гордоста, на која припадниците на ЛГБТИ популацијата со марш од Пионерскиот парк до Плоштадот на Републиката укажаа на проблемите со дискриминацијата со која се соочуваат во секојдневниот живот и порачаа дека сакаат живот на достоен човек. Како што пренесувата српските медиуми, прошетката, која ја организираа Геј-лезбијски инфо-центар, Здружението „Егал“ и „Лауд анд Квир“ минала без инциденти, со големо полициско обезбедување.
Парадата официјално ја отвори кумата на „прајдот“, Снежа Јовиќ, лице со инвалидитет, која на насобраните им порача дека никој не треба да дозволи да бидат дискриминирани по било која основа. Учесниците на собирот носеа знамиња со боите на виножитото, како и транспарентит на кои беше испишани слоганите „Мојата слобода е и твоја“ и „Поддршката е важна“. Тие побараа воведување нулта толеранција за сите облици на дискриминација, полесно вадење лични документи за транс лицата, како и легализирање на истополовите партнерства.
Истакнувајќи дека положбата на ЛГБТИ лицата во последните години е подобрена, Хелена Вуковиќ, која е дел од организаторскиот тим, истакна дека сега може мирно да се одржуваат собири од оваа тематика, но дека сепак не е идеално. Активистот Борис Миличевиќ им порача на насобраните дека ЛГБТИ лицата се подеднакво горди како и хетеросексуалците и дека ќе останат во Србија за да се борат за подобар живот за сите. Во пресрет на маршот, претседателот на Геј-лезбијскиот инфо-центар Предраг Аздељковиќ рече дека Парада на городста во центарот на Белград е можност за зголемена висливост на ЛГБТИ заедницата.
Ова беше првиот прајд за годинава, додека другиот е најавен за септември.