Откриени имињата на 27 геј мажи убиени во Чеченија

„Новаја Газета“, популарниот весник во регионот, ги објави имињата за кои тврдат дека претседателот Рамзан Кадиров наредил да бидат убиени. Се смета дека во тајната масовна егзекуција се убиени до 56 луѓе, без судење.

Според весникот, сите егзекуции биле направени во главниот град, Грозни, ноќта на 25 јануари. Исто така пренесува и дека жртвите биле убиени без судење, а потоа телата биле „однесени на најразлични гробишта, каде што биле закопани во брзо ископани гробови“.

„Новаја Газета“ е истиот весник кој објави дека во регионот се собираат геј лица во концентрациони логори во Чеченија. Чеченските власти сѐ уште продолжуваат да ги негираат тврдењата за прогон на геј лицата од регионот, без разлика на многу жртви кои јавно кажуваат за тоа.

Енрике Молина од движењето „All Out“ изјави дека Чеченците кои се јавуваат на Руската ЛГБТИ мрежа за помош, тврдат дека продолжуваат апсењата на геј лица.

„Руската ЛГБТИ мрежа и All Out, ги повикуваат лидерите од Г-20 да побараат од Путин да нареди целосен прекин на апсењето на геј луѓе во Чеченија“ додава Молина.

Европските лидери, Ангела Меркел и Емануел Макрон, јавно го покренаа прашањето пред Владимир Путин.