Геј пар од Србија кои се баратели на азил во Германија едвај преживеа мачен напад во бегалскиот камп во Германија каде што престојувале. Инцидентот беше откриен преку Facebook post на Џавид Набијев на страницата Queer Refugees for Pride. Мажите биле претепани минатата недела и кога стигнале во болница биле „речиси мртви“.
Сопружниците пристигнале во болница крвави после нападот. На еден од мажите му биле потребни и операции за санирање на повредите. Тие биле нападнати во кампот каде што престојувале, иако тие го криеле фактот дека се геј.
Во видеото што го објавија Queer Refugees for Pride, Набијев го поставува прашањето „дали доколку беа германски државјани полицијата ќе реагираше поинаку“. Набијев исто така додава дека се обидел да ги префрли во потолерантен бегалски камп, но бил одбиен по основ „немање доволно добра причина за тоа“.
Имињата и локацијата на мажите се чуваат во тајност за нивна безбедност. Исто така друга причина за тоа е и тоа што властите изјавија дека тие ќе мора да бидат вратени во истиот бегалски камп каде што и беа претепани.