11528-By Your Side е служба која нуди психолошка поддршка за ЛГБТИ заедницата од Грција. Линијата за помош беше единствена служба за ЛГБТИ психолошка поддршка и беше затворена речици цела година, во недостаток на средства да продолжат со работа, со тоа правејќи ја грчката ЛГБТИ заедница поранлива.
„Трансфобијата и хомофобијата во грчкото општество не треба да биде потценета“ изјави менаџерката на проектот, Клеопатра Економиду. Таа додаде дека повеќето од луѓето кои ги користеле услугите на линијата за помош биле млади луѓе до 29 години. „Најчесто тие немаат со кого да разговараат за нивната сексуалност и родов идентитет, но што е многу важно е дека и стрејт луѓето ја користеа линијата за да дознаат како може да помогнат на некој член од семејството“, додаде Економиду.
Благодарение на целиот тим, кој работел посветено на барање средства, успеале да ја вратат линијата во живот со обезбедување на средства од страна на Ставрос Ниаркос Фондацијата. Со ова ќе можат да продолжат да работат и да ги зголемат своите услуги, додаде Економиду.