“Излегувањето во јавност со својата сексуална ориентација не е обврска на ЛГБТ луѓето, тоа е привилегија на храбрите луѓе кои сакаат да живеат во согласност со нивниот идентитет и да се гордеат со него”, вели, меѓу другото, предговорот на збиркита раскази на тема “излегување од плакарот” објавен од страна на српскиот геј магазин „Optimist“ и списанието за промоција на книжевно читање „Bookvar“.
„Imam nesto da ti kazem“ е резултат од натпреварот организиран од страна на „Optimist“ и „Bookvar“. Од 165 приказни, избрани беа 66, од кои победник беше расказот „Враќање од Бризбејн“ од Душан Радаковиќ.
Збирката ја подготвија Милан Аранѓеловиќ и Предрад Аздејковиќ, а изданието е поддржано од Канцеларијата за човекови и права на малцинствата на Владата на Србија во рамките на проектот “Создавање толеранција и разбирање за ЛГБТ популацијата во српското општество”.
Тие се надеваат дека овие приказни, иако многу од нив не се лични или вистинити, ќе го олеснат процесот на coming out, ќе донесат самодоверба и оптимизам за многумина и ќе им покажат на луѓето искуства од ЛГБТ заедницата и ќе придонесат за нивно подобро разбирање.
На следниов линк можете да ја преземете бесплатно збирката раскази „Imam nesto da ti kazem“.