Левичарската влада на Грција донесе закон кој им овозможува на транс* луѓето да можат да ги променат податоците во своите документи за лична идентификација. Овој закон наиде на осуда од страна на православната црква, коja тврди дека овој закон „ќе ги уништи луѓето“.
После два дена дебата, премиерот Алексис Ципрас, го свика парламентот и побара пратениците да го поддржат законот кој ќе им овозможи на транс* луѓето да можат да ги прилагодат податоците во нивните документи за лична идентификација на нивниот родов идентитет без притоа да поминат низ процесот на стерилизација.
Законот, кој беше донесен со 171 глас „ЗА“ и и 114 „ПРОТИВ“, ја разоткри политичката поделба и вградените верувања во едно од најконзервативните општества во Европа. Овој закон ќе дозволи транс* луѓето, од нивната 15-годишна возраст, да можат да ја извршат оваа правна промена. Со ова, Грција си приклучува на повеќето ЕУ членки со слични закони.
„Ниту една традиција, ни религија, ниту перцепцијата за семејство, бара граѓаните да бидат на маргините или да бидат втурнати во институционален и општествен заборав. Каков е тој Господ кој нè тера нас да носиме одлуки кои ги втурнуваат децатa во ситуации каде што се малтретирани, понижувани или да се одлучуваат на самоубиство?“ изјави Ципрас пред гласањето.
Ненси Папатинасиоу, психолог кој помага на СОС линија за ЛГБТИ-луѓе во Атина, изјави дека правното признавање на родот е одлучувачки фактор за живот или смрт кога станува збор за овие луѓе кои се јавуваат и бараат помош.
„Добиваме повици од луѓе од цела Грција од сите возрасти“ таа изјави во едно интервју. „Помеѓу повозрасната генерација, од руралните делови, луѓето се јавуваат и викаат дека „сега разбираат што чувствуваат и дека тоа има име“.
„Ова е голем чекор за Грција. За прв пат зборуваме отворено за теми за кои никој порано не се осмелил да зборува.“ додава Папатинасиоу.