Претепано момче во Белград затоа што работи во геј клуб

“Тие викаа нешто, но јас не обрнував внимание. Одеднаш почнаа да ме тепаат, а кога паднав на земја, продолжија да ме удираат …” вака ја започнува приказната за српски „Блиц“ белграѓанецот А.М. (21), кој во пет часот наутро го претепале група насилници во самиот центар на градот.

A.M. тргнал накај својот дом во пет наутро од геј клубот, кој се наоѓа во центарот на градот и каде што работи како шанкер.

„Отидов до крајот на Студентскиот плоштад. Тие беа оддалечени од мене некои стотина метри и довикуваа нешто по мене, но бидејќи не ги слушнав што дофрлаа, не им обрнав внимание. Одеднаш ми пријдоа, и без ниту еден збор, почнаа да ме тепаат“ раскажува А.М.

„Тие беа група од пет-шест млади, кои почнаа да ме удираат со раце и нозе во пределот на главата. Еден од нив ме удри по уста. Бев во шок затоа што не очекував ништо да ми се случи, а веќе во следниот момент добив удар со нога по глава и тогаш почна да ми тече крв“ додава А.М.

„Кога ми стана јасно што се случува, почнав да бегам преку оградената зелена површина на Студентскиот плоштад. Се сопнав на оградата и паднав на земја. Тогаш добив уште еден удар по главата… После тоа побегнаа“ раскажува А.М.

На самото место потоа повикал полиција, дал изјава и со брза помош е пренесен во Центарот за итни случаи, каде што е прегледан и му е сошиена устата.

„Не можам да сфатам дека вакви работи се случуваат во 21 век. Не знам што да мислам. Ова е прв пат да ми се случи вакво нешто. И не е тоа зошто сум припадник на ЛГБТИ-популацијата, туку ова може на секој да му се случи. Мислам дека се најдов на погрешно место, во погрешно време.“ изјави А.М.