Големо европско интернет истражување за МСМ, EMIS 2017

Денеска официјално започна спроведувањето на Европското интернет истражување за мажи кои имаат секс со мажи (МСМ) низ цела Европа на 33 јазици.

“Зошто да учествувам? Бидејќи сите ние сакаме подобар секс со помала штета”, објавува веб-страницата за EMIS 2017. “Со учество можете да дознаете нешто ново. Иако нема да имате директна корист од информациите кои ќе ги доставите, овие информации ќе им помогнат на службите за здравствени и социјални услуги подобро да ги задоволат потребите на заедницата. Тоа исто така може да значи дека услугите за геј и бисексуални мажи се финансирани.”

EMIS 2017 (Европското интернет истражување за мажи кои имаат секс со мажи) има за цел да ги идентификува потребите за унапредување на здравјето на геј мажите, бисексуалните мажи и други мажи кои имаат секс со мажи (МСМ), вклучувајќи ги трансродовите мажи и мажите кои живеат со ХИВ. Истражувањето ќе генерира податоци потребни за разбирање на сексуалните здравствени потреби на МСМ популацијата во Македонија и ќе им помогне на програмите за директна превенција. Последното истражување на EMIS беше спроведено во Европа во 2010 година.

Прашањата беа развиени од мрежа од 70 академици, партнерски организации од областа на јавното здравје и партнери на ЛГБТ заедницата, предводени од Sigma Research на London School of Hygiene & Tropical Medicine. Истражувањето во 2017 година е комбинација на прашања поставени во 2010 година и нови теми. Новите области на испитување вклучуваат “chem-sex” (комбинирање на секс и дроги) и PrEP (предиспозициска профилакса за ХИВ). Chem-sex во последниве неколку години создаде голема загриженост, при што менталното здравје и смртта се меѓу сериозните штети кои можат да се појават.

Истражувањето е отворено и за вас доколку сте маж кој има секс со мажи, маж кој е привлечен кон други мажи или маж што мисли дека би можел да има секс со мажи во иднина. Истражувањето ги испитува ставовите за односите, сексуалниот живот, ризиците и мерките на претпазливост и употребата на здравствени услуги, а податоците од истражувањето ќе се користат за подобрување на здравствените услуги за МСМ ширум Европа.

EMIS 2017 сега е отворено за учество на www.emis2017.eu и е достапно на 33 јазици.