Судскиот случај на Коман може да обезбеди еднакви права за истополовите двојки низ ЕУ

Европскиот суд на правдата во моментов го разгледува случајот на Романецот Адријан Коман, кој стапи во брак со својот американски партнер, Клебурн Роберт Хамилтон, во Белгија во 2010 година.

И покрај нивниот законски брак во земја-членка на ЕУ, Романија се обиде да се спротивстави на обидите за право на престој на неговиот партнер, бидејќи не дозволува бракови од ист пол. Но, случајот на ЕСП ќе разгледа дали одредбите во Повелбата за темелни права на Европската унија во врска со слободата на движење им даваат права на истополовите бракови.

Тоа би можело да има влијание многу подалеку од Романија, поставувајќи преседан за многу европски земји кои моментално не дозволуваат истополови бракови.

Во ЕУ, 13 држави  дозволуваат истополови бракови, додека пак неколку други граѓански заедници. Романија, Бугарија, Словачка, Словенија, Полска, Литванија и Летонија се меѓу државите кои не ги признаваат истополовите партнерства.

Случајот на ЕСП ќе разгледа дали „терминот “брачен другар” … го вклучува брачниот другар од ист пол” во случајот на г-дин Коман. Исто така, ќе се разгледа дали законот на ЕУ „бара од земјата-членка домаќин да му даде право на престој на брачниот другар од истиот пол за државјанин на Европската унија”.

Ако случајот на г-дин Коман е успешен, пресудата може да бара од сите држави на ЕУ да им дадат правно признавање и престој на двојките од ист пол, кои стапиле во брак на друго место, како што би било случај со хетеросексуалните двојки.