Францускиот претседател Емануел Макрон сака да ги забрани навредите врз основа на род

Навредите врз основа на родот ќе се забранат со закон во Франција. „Свиркањето на улица“ и други сексуални злоупотреби, исто така, наскоро ќе бидат забранети со закон според претседателот Емануел Макрон.

Во обид да го намали насилството врз жените, во кое минатата година се убиени 123 жени само од нивните партнери и екс-партнери, Макрон претстави нови пакет мерки. Говорејќи во Елисејската палата на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, тој вети дека ќе помогне во искоренувањето на патријархалниот јазик.

 

Тој, исто така, вети дека ќе започне онлајн сервис за жртвите на сексуална дискриминација и насилство. Макрон рече дека “долго време луѓето реагираа со рамнодушност” кон сексизмот.

“Ова е неприфатливо. Жените мора да се чувствуваат удобно на јавни места. Жените во републиката не смеат да се плашат да ги користат јавните простори.“ изјави Макрон.