Виктор Мадригал-Борлос е назначен за новиот SOGI експерт на ОН

ЛГБТИ+ групите ширум светот го поздравија назначувањето на Виктор Мадригал-Борлоз за нов независен експерт на Обединетите нации за заштита од насилство и дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет (SOGI).

Назначувањето се одржа денеска во Советот за човекови права на Обединетите нации, откако неговата номинација беше предложена минатата недела од страна на претседателот на 47-те државни тела за човекови права задолжени за надгледување на човековите права низ целиот свет.

Мадригал-Борлос, роден во Костарика, има долгогодишно искуство во застапувањето на човековите права. Тој е актуелен генерален секретар на Меѓународниот совет за рехабилитација на жртвите на тортура (IRCT). Мадригал-Борлоз, исто така, поминал многу години во Интер-американскиот суд и Комисијата за човекови права. Таму тој го водеше процесот на консултација и подготовка на Акциониот план за работата на Комисијата во врска со правата на ЛГБТИ луѓето.

Мадригал-Борлоз е исто така еден од потписниците на неодамна усвоените “Дополнителни принципи и државни обврски на Јогјакарта принципите плус 10“. Принципите на Јогјакарта се изјава за човековите права на лицата со “различни сексуални ориентации и родови идентитети”.

Номиниран од страна на Советот за човекови права на ОН за улогата минатата недела, Мадригал-Борлоз ќе има тригодишен мандат, со можност за обновување почнувајќи од 1 јануари 2018 година.