Австрискиот Уставен суд одлучи дека на истополовите двојки ќе им биде дозволено да стапат во брак до почетокот на 2019 година, врз основа на тоа дека постојните закони се дискриминаторски. На истополовите парови во Австрија им беше дозволено да влегуваат во граѓански партнерства од 2010 година, но досега не беа во можност да стапат во брак.
Уставниот суд го разгледал законот од 2009 година по жалбата на две жени на кои им била одбиена дозвола за влез во формален брак од страна на властите во Виена. Во одлуката што беше објавена во вторникот, се вели дека ограничувањата за истополов брак ќе бидат укинати на крајот од 2018 година, освен ако владата тоа не го стори порано.
Уставниот суд рече дека граѓанското партнерство ќе остане како опција откако ќе се смени законот, а потоа ќе биде отворен и за стрејт парови.
Во соопштението, австрискиот Уставен суд рече дека “разликата помеѓу бракот и граѓанското партнерство повеќе не може да се одржи денес без дискриминација против паровите од ист пол”, додавајќи дека одржувањето на двете институции посебно сугерира дека “луѓето со хомосексуална ориентација не се еднакви на луѓе со хетеросексуална ориентација”.
Конзервативната „Народна партија“ (ÖVP) и екстремно десничарската „Партија на слободата“ се во преговори за формирање на влада по изборите во октомври, и додека се противат на брачната еднаквост, се очекува да продолжи легализирањето.
ÖVP, чиј лидер е Себастијан Курц и се очекува да положи свечена заклетва како канцелар, рече дека ќе ја прифати пресудата.
Истополовиот брак е легализиран во многу земји во западна Европа, од неодамна и во Германија, по силно противење од неколку години.