Мариел Франко: лезбејка, феминистка, мајка, активистка за човекови права, советничка и бранителка – убиена минатата недела во Рио де Жанеиро

Минатата недела, една од најхрабрите социјални лидерки во Бразил, Мариел Франко, неколку пати беше застрелана во главата од страна на непознати напаѓачи, кратко по нејзината средба со група активисти. Според изјавата на Гардијан: „Долго време пред да биде избрана за градски совет во Рио во 2016 година, Мариел беше нашироко позната како неуморна и бестрашна застапничка за правата на Афробразилците, ЛГБТ луѓето, жените и заедниците со ниски приходи. Лезбијка, црнкинка, родена и порасната во една од најсиромашните населби во Рио, таа немилосрдно се залагаше против полициското насилство во фавелите на градот”.

Франко беше многу позната активистка за ЛГБТИ заедницата, како и за црната заедница, која во нејзиниот период на работа беше најмногу загрозена, кога стануваше збор за разоткривање на случаи кои биле прикривани од страна на локалните власти. Светски лидери од разни области на работа низ светот повикаа кон формирање на независна комисија составена од истакнати и почитувани национални и меѓународни експерти за човекови права, за правата и законите, за задолжително спроведување на независна и сеопфатна истрага на атентатот врз неа.

Чимаманда Нгози Адичи, Ава Дувернај, Арундхати Рој, Ангела Дејвис, Едвард Сноуден, Глен Гринулд, соработници на Црните животи значат: Патрис Калорс и Опал Томети, Наоми Кемпбел, Ноам Чомски и актерите Танди Њутн, Гаел Гарсија Бернал и ѕвездата на Наркос: Вагнер Мура, се меѓу потписниците кои побараа формирање на оваа независна комисија.

Гардијан го изјави следново по нејзиното убиство: „Длабоко сме загрижени и шокирани од ова убиство на една жена која беше глас за безгласните и симболи на отпор кон насилство извршено од државата, милитаризација и антидемократскиот сили. Со оглед на тоа што убиството на Мариел ги има сите обележја на атентат, повикуваме кон создавањето на независна комисија составена од истакнати и почитувани национални и меѓународни експерти за човекови права и правни експерти, за спроведување независна истрага за убиството на Мариел Франко, воедно со целосна соработка од државните судски и полициски органи”.

За жал, убиството не запре таму. Само неколку дена по нејзиниот атентат, на сличен начин бил убиен и советникот Паулинхо Хенрике Дорадо (член на Трудовата партија). Според воената полиција на Рио, советникот бил во неговиот автомобил кога бил застрелан повеќепати, а еден од неговите придружници бил повреден за време на нападот. Според бразилскиот весник „О Глобо”, во Бразил од 2017 година наваму се убиени 15 политичари.

 

Извори:

The Guardian, Marielle Franco murder: Brazilian authorities under global pressure to find killers

The Guardian, Marielle Franco’s murderers must be brought to justice

Telesur TV, Brazil: Labor Party Councilman Murdered