Годишен извештај за 2017

Во петтата година од основањето, горди сме што можеме да го документираме постепениот развој на нашата организација во однос на развивање и зајакнување на капацитетите на петте клучни програмски области во кои ние работиме:

  1. Застапување за ЛГБТИ права
  2. Истражување и политики за ЛГБТИ
  3. Обука и образование за род и сексуалност
  4. Услуги на правна и психосоцијална поддршка и советување, и
  5. Прибирање на средства за ЛГБТИ проекти и иницијативи.

Некои од клучните достигнувања кои ги остваривме минатата година се поврзани со:

  1. Воспоставување на систем за документирање на прекршувања на човековите права на ЛГБТИ луѓето во Македонија кој произведува докази како основа за спроведување на активности на застапување за ЛГБТИ еднаквост
  2. Овозможување на градење и зајакнување на дијалогот со клучните стеикхолдери вклучувајќи ги државните институции, политички партии и медиуми
  3. Генерирање и дисеминација на податоци и знаења за различни теми поврзани со правата, положбата и потребите на ЛГБТИ луѓето во Македонија, кои, по промената на политичкиот контекст во Македонија, се соочија со бројни можности за користење
  4. Зголемување на видливоста на организацијата, нејзината клучна работа и резултати преку мрежите и платформите изградени и овозможени од програмата Цивика мобилитас, и
  5. Зајакнување на организациските капацитети во однос на канцелариски простор, персонал, опрема, како и обезбедување на бесплатните услуги за правна и психосоцијална поддршка и советување.

Годинашниот извештај, покрај информациите за активностите, проектите и организацијата, го содржи и Годишниот извештај за ЛГБТИ во Македонија за 2017. Овој детален извештај ги претставува развојот и трендовите релевантни за прекршувањата на човековите права на ЛГБТИ луѓето во Македонија во 2017, групирани во неколку клучни области – насилство од омраза, говор на омраза и кривични дела од омраза, еднаквост и недискриминација – правна рамка и спроведување, слобода на јавно собирање, здружување и изразување, и т.н. Од погоре кажаното, се надевам дека ќе може да научите повеќе за положбата и правата на ЛГБТИ луѓето во државата, и можеби ќе покажете интерес во ангажирање, организирање и мобилизирање со нас во пошироката кампања за ЛГБТИ еднаквост.

Со најдобри желби,

Антонио Михајлов,

15.01.2018

 

 

 

За да го преземете извештајот кликнете на следниот линк.