Геј-дејтинг мрежата „Грајндер“ споделила приватни информации за своите корисници со две приватни компании

Геј-дејтинг апликацијата, позната по нејзината популарност во ЛГБТИ заедницата, се соочува со големи реакции и евентуални истраги по истекот на веста дека им предала на две приватните компании лични информации за своите корисници – информациски протек кој според прописите на ЕУ за приватност се нелегални и строго приватни.

Секој корисник на апликацијата може да го прилагоди својот профил со објавување на нивна фотографија, возраст, тежина, висина, сексуална положба, етничка припадност, тип на тело, „племе“, што бара, род и нивни заменки, статус на врска, профили на други социјални медиуми како што се Инстаграм, Фејсбук и Твитер (доколку се поврзани); дури и давањето пристап на апликацијата до точните локациски координати на корисникот, и за крај, она што е најмногу загрижувачко во протекот на информации е ХИВ статусот на корисникот и последниот пат кога бил тестиран за ХИВ.

Во земјите каде што ЛГБТИ заедницата не е многу отворена или препознатлива, апликациите за запознавање како Грајндер (Grindr) се единствениот „рај“ на заедницата кога станува збор за вмрежување или за барањето партнер. Во држави како што е нашата (Македонија), апликацијата останува место каде геј заедницата доаѓа во контакт со други геј лица. Прекршувањето на приватноста од овој калибар може да има трајни последици врз корисниците каде ЛГБТИ лицата немаат правна заштита или уште полошо, законски не им е препознаена сексуалната ориентација и родов идентитет (СОРИ).

Во Македонија, ЛГБТИ заедницата има претрпено зголемена видливост во текот на изминатите пет години во видикот на јавноста се има зголемено – но сепак останува незаштитена во правната рамка врз основа на сексуалната ориентација и родов идентитет (СОРИ). Со протекувањето на информации како што се овие, додадено на тоа и личните податоци на корисниците кои патем може да бидат и од Македонија (вклучувајќи ја локацијата и адресата на е-пошта на самите профили), ги прави мета за говор на омраза или злосторства од омраза ако информациите дојдат во погрешни раце.

Постојат две работи во врска со овој пропуст што ја става компанијата која работи на Грајндер (Grindr) во големи правни последици, но исто така и нејзините корисници; идентитетот на лицата во мрежата и нивниот ХИВ статус се соочува со можна изложеност која може да биде проблем во поголем број на земји каде ЛГБТИ лицата немаат соодветна правна заштита или систем за поддршка.

Самата геј заедница не е толку толерантна или рамноправна самата кон себе, па од перцепцијата на лицата кои не се ЛГБТИ тоа може да звучи како новост. Всушност, ХИВ-статусот на едно лице во рамките на ЛГБТИ заедницата ги прави мета на дискриминација од самата заедница исто толку колку што тие би биле мета и од не-ЛГБТИ лицата. Последиците од ова споделување се сериозни и треба да се преземат правни мерки за да се спречи ширењето на протекот, пред да излезат работите од контрола.

Оваа информација според изворите е споделена со две приватни компании кои сега имаат пристап до милиони профили од целиот свет. Поради тоа, Норвешкиот совет за потрошувачи „Forbrukerrådet“ пополни жалба против апликацијата за прекршување на законите за заштита на податоци со норвешката истражна група.

 

Извори:

Тhe Guardian, Grindr’s HIV data-sharing has betrayed the LGBTQ world

The Guardian, Grindr was a safe space for gay men. Its HIV status leak betrayed us

 

Напишано од: Стефан Петровски