Португалскиот парламент гласаше за усвојување на историски закон со кој подобро ќе се заштити и почитува правото на самоопределување и телесен интегритет на транс и интерполовите луѓе.
„Португалија денес доживеа историски момент – овој закон ќе ја направи Португалија само втората земја во светот која ги забранува непотребните медицински третмани за интерполовите деца“, рече Катрин Хугендубел, директорка на ИЛГА-Европа за застапување, во реакција на гласањето.
Законот го поддржаа пратениците попладнево, по две години напорна работа од страна на ЛГБТИ активистите во Португалија.
Како резултат на тоа, кога овој закон ќе влезе во сила:
- На луѓето ќе можат правно да им го признаат родот по постапка заснована на самоопределување. Ова значи дека законот конечно признава и почитува дека транс луѓето самите знаат кои се и како самите се идентификуваат.
- Веќе нема да има потреба транс луѓето да бидат дијагностицирани со родова дисфорија, со цел да нивниот род биде законски признаен.
- Младите луѓе на возраст од 16 години и повеќе ќе можат да пристапат кон оваа постапка.
- Ќе стане нелегално да се извршуваат непотребни операции на интерполовите деца.
Португалија се придружува на своите европски соседи (Малта, Норвешка, Данска, Ирска и Белгија) во воспоставувањето на систем на самоопределување. Охрабрувајќи го бројот на земји кои се одлучуваат за овој систем се зголемува, се’ уште има малку, но повеќе влади треба да покажат вакво лидерство.
Сепак, сегашниот закон молчи за голем број критични прашања. Сега треба да се сработи многу за да се обезбеди ефективно спроведување на овој закон – преку насоки за здравствениот сектор и образовниот сектор, на пример – за да најдобро ги заштити основните права на транс и интерполовите лица, но и да се адресираат грижите на ЛГБТИ НВО за време на подготвителната фаза.
Истражувањето на ИЛГА-Европа, Катрин Хугендубел, продолжи: „ИЛГА-Европа чувствува олеснување по усвојувањето на законот кој се заснова на самоопределување и дека ќе биде достапен за сите лица над 16 години. Исто така, сме охрабрени што политичарите (и покрај фактот дека посветеноста на некои страни кон еднаквоста се чинеше дека се колеба во изминатите неколку недели) на крајот гласаа за почит и здрав разум. Ние и’ честитаме на Португалија – и со нетрпение очекуваме да го прославиме овој момент со нашите членови и пријатели на Форумот за ИДПХИТ во 2018 година, што ќе се одржи во Лисабон следниот месец!“