Објавен Извештајот за човекови права за Македонија за 2017 година на Стејт департментот на САД

Стејт департментот на САД и нивното Биро за демократија, човекови права и труд ги објавија своите извештаи за човековите права за 2017 година. Извештајот за Македонија опфаќа теми од почетокот на 2017 година и до крајот на истата – особено вклучувајќи ги владините промени, изборите и прашањата поврзани со човековите права кои се забележани во текот на целата година – вклучувајќи, но не ограничувајќи се со прашања за новинарството, тортурата, и статусот на ЛГБТИ лица. Извештајот дополнително ги забележува активностите преземени од страна на новата влада за 2017 година, која ги испитува, прогонува и казнуваа владините службеници за злоупотреба на службената должност или недостиг од нејзина употреба.

Во извештајот, исто така, се споменува нашата организација под наодите во рамките на делот „Дела на насилство, дискриминација и други злоупотреби врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.“ Извештајот, заедно со извештаите објавени од страна на Хјуман рајтс воч, Амнести интернешенел и Европската комисија се едни од најактуелните и најдетални согледувања за прекршувањата и заштитата на човековите права; имено за кои Стејт департментот го забележа следново во однос на ЛГБТИ граѓанските права во Македонија:

  • Недостаток на правна заштита од дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и/или родовиот идентитет (СОРИ),
  • Истакнувајќи го маргинализираниот статус на ЛГБТИ заедницата како цела, врз основа на извештаи на активистите за предрасудите, говорот на омраза, злосторствата од омраза и неможноста за заштита од владините институции (полиција, влада итн.),
  • Имајќи преземено статистика од нас (Субверзивен фронт) за 39-те случаи пријавени во Јавното обвинителство, кои се’ уште чекаат процесирање (иако е поминат рокот за известување),
  • Имајќи опфатено неколку извештаи од ЛГБТИ НВОи кои имале изразено недостиг на волја во политичките партии при заземањето став со ЛГБТИ заедницата,

Во продолжение забележуваат нови промени кои имаат позитивен пресврт кон иднината,

  • Стејт департментот ги нагласува позитивните промени направени од новата влада, како што се: Нивната поддршка за Неделата на гордоста, меморандумот за соработка (помеѓу ЛГБТИ Центарот за поддршка и Канцеларијата на Народниот правобранител), одлуката која им дозволува на трансродовите лица да си ги променат информациите во матичната книга на родените и нивниот матичен број, и на крај владиното повлекување на офанзива литература во образовниот систем, со помалку успех во публикациите за високо образование.

Вреди да се спомне дека неодамна Субверзивен фронт доби одговор само за 3 од 39-те нерешени горенаведени случаи, и сите се негативни.

Одговорот наведува дека во трите (од многуте пријавени) случаи на говор на омраза на интернет, Основното јавно обвинителство, не ги идентификуваше овие три специфични случаи како говор на омраза. Имено ОЈО отфрли дека против сторителите треба да се покрене судска постапка или пак да се идентификуваат, и дека нивните коментари се „слобода на изразување.” Цврсто стоиме зад потребата за кревање свест, како и за соработување со судиите, обвинителите и полициските службеници во Македонија, за да спречиме понатамошно отфрлање на вакви случаи како „слобода на изразување.“ Според дефинициите на многу меѓународни организации и извештаи, истите се добро дефинирани и преминуваат во силно поткрепена судска постапка. За крај, ова ја покажува итноста за донесување промени во Кривичниот законик на Македонија, со цел да се вклучи заштита од говор на омраза врз основа на сексуална ориентација и/или родов идентитет.

За да прочитате повеќе, отворете го деталниот извештај за 2017 тука.

Ова е втор пат како Субверзивен фронт е споменат во извештаите на Стејт департментот (прв пат во нивниот Извештај за човекови права за Македонија за 2016 година). Од јануари 2016 година, Субверзивен фронт спроведува проекти финансирани од страна на Стејт Департментот на САД, а во моментот го спроведуваме проектот Градење толеранција и разбирање за ЛГБТИ луѓето во македонското општество.