Интервју со генералниот секретар на Советот на Европа – г. Торбјорн Јагланд

За време на евалуационата конференција на Кампањата за против говор на омраза (која се одржа во Европскиот младински центар во Стразбур, Франција од 10 до 12 април 2018 година), имавме посета од страна на генералниот секретар на Советот на Европа, г. Торбјорн Јагланд. Тој разговараше со присутните претставници на движењето за начинот на кој Советот на Европа ги имаше поддржано младинските иницијативи во минатото, потребата да се бориме против говорот на омраза во онлајн и офлајн светот, како и неговата великодушност да биде интервјуиран, но и да се поврзе со активистите на Кампањата за против омраза на омраза за време на коктел вмрежувањето.

Како еден од многумината онлајн активисти кои немале многу искуство со интервјуирање на политичари и раководители од тела како што е Советот на Европа, решив да го дадам се’ од себе и да видам што друго секретарот Јагланд би можел да сподели со нас.

Како човек кој се има изградено од нула, вреди да се напомене дека секретарот Јагланд има започнато со својата политичка кариера на национално ниво во Норвешка уште од доцните 80-ти години и има придонесено многу кон развојот на човечкото достоинство и човековата праведност.

Можете да прочитате повеќе за фасцинантната животна работа на секретарот Јагланд, неговите претходни и моментални инволвирања на веб-страницата на Советот на Европа тука.

За време на коктел вмрежувањето, му пријдоа многу активисти за да направат фотографии со него, како и да добијат одговори на прашања со кои се занимаваат; го искористив моментот (што случајно би можело да биде единствена животна можност) и побарав од г. Јагланд пет минути од неговото време да одговори на некои од моите прашања, но и да биде моето прво лице кое го интервјуирам.

 

Кое едно Ваше искуство со млади луѓе во многуте години додека сте работеле со нив, е незаборавно за Вас?

„Па… тоа што секогаш имав голема доверба во младите луѓе и дека тие се најтрансформативната сила што ја имаме; тие разбираат нови работи, и затоа им верувам и во овој момент“.

Во Вашата претходна изјава рековте дека „работите што некогаш биле сметани за научна фантастика пред неколку години, сега се реалност“, што мислите дека ние сега го сметаме за научна фантастика што ќе биде реалност, да речеме за 20 години од сега?

„Тоа не можеме да го знаеме. Тоа е моја поента, дека не можеме да разбереме што ќе стане со иднината, и дека работите се движат многу брзо, но единственото нешто што можеме и што треба да го разбереме е дека во иднина ќе има длабоки промени“.

Кои се предизвиците на Советот на Европа кога станува збор за работа со млади луѓе и борба против говорот на омраза?

„Најголемиот предизвик што го имаат е што има толку малку места за дружење, а младите луѓе имаат тенденција да седат сами, премногу да зборуваат на нивните телефони, и зближувањето на луѓето во реалниот свет е најдобрата алатка што ја имаме“.

Точно, мене навистина ми се допадна Вашиот говор, особено кога го спомнавте вистинскиот свет и како сите се исклучуваат од него преку нивните телефони. За мене тоа е иднината што ја гледам за сега. Научната фантастика сега е дека сите ќе го живеат својот живот во виртуелна реалност. Се чувствувам како да за 20 години од сега, сите ќе живеат преку нивните телефони.

„Па, да, тоа може да се случи, но се сеќавам кога излезе телевизорот, сите рекоа дека од сега семејствата ќе седат исклучиво во нивните домови гледајќи телевизија, но тоа не се случи; тоа се случи во првата фаза од неговото излегување, но по некое време луѓето се’ уште сакаа да излезат и да се запознаваат со луѓе – мислам дека тоа ќе се случи и сега“.

Со години се запознавте со млади луѓе. Како се има развиено младинскиот активизам низ годините?

„Мислам дека младите сега имаат поголема тенденција да излегуваат и да се извлекуваат од нивните виртуелни простории за разговор, тоа сега го гледате во Соединетите американски држави, младите луѓе излегуваат на улица за да протестираат и не разговараат меѓу себе на нивните телефони, но тие доаѓаат заедно – ова е тенденцијата што ја гледам во нив“.

Како можеме ние како Европа да се здружиме и да ја подобриме позицијата на толеранција и прифаќање и за постојано да го спречиме говорот на омраза?

„Мислам дека има толку многу места во кои треба да преминеме… Училиштата и образованието се едно место, треба да произведуваме повеќе лидери и повеќе политички лидери, а и да покажеме повеќе лидерство – за да разговараме со локалните заедници за проблемите што не’ засегаат – тоа е особено важно“.

На некој начин тоа го постигнуваме преку кампањата со сите наши публикации што ги имавме направено, како што се “Обележувач” и “НиеМожеме!”, па затоа треба да се обидеме да ги вклучиме во образовните системи – дали мислите дека со тоа би можеле да ја подобриме позицијата на говорот на омраза кај младите?

“Па се разбира, тоа е една можност”.

 

Би сакал да ја искажам мојата најголема благодарност до генералниот секретар за тоа што ни го даде своето драгоцено време, како и за поддршката на Кампањата против говор на омраза за време на целото нејзино постоење. Човековите права се и продолжуваат да бидат предизвик во нашето време; како активисти, младински работници, политичари и лица кои доаѓаат од разни други сектори мора да продолжиме да се залагаме за унапредување на човекови права и да им дадеме глас на луѓето и на прашањата од нашево време.

Освен тоа, ве повикувам да го прочитате другото интервју што го правев со Ан Брасер (Претседателка на Парламентарното Собрание на Советот на Европа) овде.

За крај, следете ги активностите на кампањите по својата официјална евалуациска проценка за тоа како ќе продолжи да работиме на човековите права онлајн и офлајн – за да дознаете повеќе за тоа, прочитајте го нашиот официјален извештај за евалуацијата на кампањата овде.

 

Автор: Стефан Петровски