Одбележувајќи го 17 Мај – Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија и трансфобија, организиравме јавна дискусија на тема „Како до интегриран пристап за здравствена и социјална заштита за ЛГБТИ луѓето,“ со говорници и стеикхолдери од полињата на работа со и за ЛГБТИ заедницата во Република Македонија.
Со тоа, јавната дискусија покри неколку аспекта на предизвиците со кои се среќаваат лица од ЛГБТИ заедницата преку модерирана дискусија, неколкуте пронајдени и посакувани решенија беа принесени кон присутните со кои владините тела би можеле да најдат почетна точка за идни акции.
Имено, годинава како почесна гостинка ја имавме Министерката за труд и социјална политика, како една од панелистките – г-а. Мила Царовска.
Многу сме благодарни за нивниот континуиран придонес кон подобрувањето на правата на ЛГБТИ лицата во Република Македонија, како и нивните напори во развивањето на нов закон за спречување и заштита од дискриминација – закон кој сега ќе треба да ги вклучи сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација.
Поради сето тоа, одлучивме годинава да ја доделиме наградата за „Поддржувач на годината“ до Министерството за труд и социјална политика.
Примајќи ја наградата, министерката Царовска изјави: „Ние првин мора да осигураме заштита на темелните права на ЛГБТИ луѓето, а потоа да продолжиме со барање на повеќе права“.
Церемонијата на доделувањето на наградата беше дел од денешната јавна дискусија за интегриран пристап кон услуги на здравствена и социјална заштита за ЛГБТИ луѓето организирана од Субверзивен фронт во ЕУ Инфо центарот во Скопје.