Проектот „Различност во визуелната уметност – Дива 2-ро издание“ кој ќе се одржи во Солун, Грција, од 16-ти до 26-ти јуни, 2018 година, бара 5 учесника (4 учесника + 1 групен лидер) да учествуваат на оваа младинска размена.
Меѓу другото, размената ќе им даде можност на учесниците да земат учество во парадата на гордоста во Солун и да бидат вклучени во нејзината програма.
За повеќе информации околу размената и нејзините активности можете да прочитате во инфо пакетот тука.
За да аплицирате на оваа размена, пополнете ја апликационата форма тука.
За учество во размената се плаќа котизација од 30 евра на првиот ден од размената или би била одземена од патните трошоци пред нивното враќање.