Во склоп на проектот “Кон отворен пристап за ЛБТ жени во спортските игри” Субверзивен фронт ги повикува сите заинтересирани да ни се придружат во нашиот кошаркарски тим. Целта на овој проект е преку спорт да ја зајакнеме ЛБТ заедницата како и да ја зголемиме видливоста за проблемите кои ги имаат ЛБТ спортистките во професионалниот спорт.
Кон крајот на месец август ќе организираме летен камп за 15 луѓе кој ќе трае 3 дена и таму ќе може да научите нешто повеќе за состојбата со ЛБТ правата поврзани со спортот, ќе може да се запознаете со другите членови, да се дружите и секако да изиграме некоја партија баскет.
Од септември ќе почнеме со тренинзи еднаш неделно во Скопје, а во текот на годината исто така ќе организираме два натпревари што ќе се одржат надвор од Македонија (Белград и Подгорица), каде што ќе учествуваат 7 луѓе.
Може да се пријавите на следниот линк.
За повеќе информации може да нè контактирате на [email protected] или на тел. бр. +389 2 609 0779.
Овој проект е поддржан од ПланетРомео фондацијата.