Повик за учество на тренинг курс:
“Академија за младински ЛГБТ лидери”
Шабац, Србија, 1 – 7 септември 2018 год.
Ги повикуваме сите заинтересирани млади луѓе на возраст од 15 до 30 години да се пријават за учество на тренинг курсот кој има за цел да ги зајакне стручните вештини на младинските работници/чки и ЛГБТ активист(к)и, како би можеле да преземат поодговорни, лидерски улоги во областите на човековите права на ЛГБТ луѓето, социјалната вклученост на младите од ранливите општествени групи и со тоа да придонесат кон посоодветно застапување за законски измени и дополнувања за намалување на дискриминацијата кон ЛГБТ луѓето.
Датум: 1 – 7 септември 2018 год.
Место: Шабац, Србија, хостел „Moonrise“
Учесници: 20 младински работници/чки [1] од Македонија, Србија и Хрватска
Трошоци: Организаторот ги покрива патните трошоци на учесниците/чките, како и трошоците на престој (сместување и исхрана).
Методи на работа: Интерактивни презентации и искуствено учење, интерактивна работа преку работилници.
Тренинг курсот е една од активностите во рамките на проектот „Академија за младински ЛГБТ лидери“, кој се спроведува од страна на Асоцијација „Дуга“ од Шабац, Србија, во партнерство со „Искорак“ од Хрватска и Субверзивен фронт.
Начин на пријавување:
Сите заинтересирани од Македонија потребно е пополнетиот образец за пријава да го испратат на [email protected] најдоцна до среда, 15 август 2018 год. Пријавените кандидати/ки ќе бидат известени за резултатите на 16 август 2018 год.