Политичкото учество на ЛГБТИ луѓето во Западен Балкан

Извештајот од регионалото истражување за „Политичкото учество на ЛГБТИ во Западен Балкан,“ спроведено од Субверзивен фронт во партнерство со Лабрис (Србија) и ЛГБТК Виктори институтот (САД), ги истакнува можностите за зголемување на политичкото учество на ЛГБТИ луѓето во осум земји од Западниот Балкан. Истражувањето може да послужи за да се разбере кои се можностите за зголемување на политичкото учество на ЛГБТИ луѓето во Западниот Балкан и неговото влијание врз еднаквоста за ЛГБТИ луѓето. Се очекува овој извештај да го користат ЛГБТИ организациите во регионот за да се разберат можностите да се искористи политичкото учество како алатка за застапување и постигнување на еднаквост.

Извештајот (достапен само на англиски јазик) може да се преземе овде: LGBTI POLITICAL PARTICIPATION IN THE WESTERN BALKANS