Пресвртница за правата на интерполовите лица: Европскиот парламент усвои значајна резолуција за правата на интерполовите луѓе

Денес, на 14-ти февруари 2019 година, Европскиот Парламент усвои значајна резолуција за правата на интерполовите лица. Со усвојувањето на оваа резолуција, Европскиот Парламент поставува јасен стандард во рамките на Европската Унија за заштита на човековиот интегритет и човековите права. Резолуцијата ја надополнува интерполовата резолуција „Промовирање на човековите права и елиминирање на дискриминацијата врз интерполовите лица” усвоена од Парламентарното собрание на Советот на Европа во 2017 година.

„Го поздравуваме Европскиот Парламент за издавање на оваа извонредна резолуција,“ вели Кити Андерсон, ко-претседавач на ОИИ Европа. „Јасно се темели врз познавањето на прекршувањата на човековите права со кои се соочуваат интерполовите лица во рамките на Европската Унија.“

„ИЛГА Европа ентузијастички ја слави оваа историска резолуција како плод на огромната работна сила на дел од активистите за интерполови лица низ Европа,“ додава Евелин Паради, извршна директорка на ИЛГА-Европа.

Во својата резолуција, Европскиот Парламент „остро ги осудува третманите и хирургијата за нормализирање на половите“ и ги поттикнува земјите-членки да донесат законодавство кое го штити телесниот интегритет на интерполовите луѓе „што е можно поскоро.“ Исто така, потврдува дека интерполовите лица „се изложени на повеќекратни случаи на насилство и дискриминација во Европската Унија“ и ја повикува Европската комисија и државите членки да предложат закон за решавање на овие прашања.

Другите прашања опфатени со резолуцијата ја вклучуваат потребата за адекватно советување и поддршка за интерполовите лица и нивните семејства, мерки за ставање крај на стигмата и патологизацијата на интерполовите лица и зголемување на финансирањето на граѓанските организации предводени од интерполови лица. За време на дебатата што претходеше на гласањето, членовите на Европскиот Парламент речиси едногласно говореа за резолуцијата и истакнаа дека „кршењето на човековите права што ги доживуваат интерполовите луѓе се значајни“ и дека „нема ништо нездраво со интерполовоста.“ Делегатот на министерството, Џорџ Чиамба, во изјавата за романското претседателство, потврди дека „проширувањето на правото на еднаков третман за интерполовите луѓе е целосно во духот на нашите заеднички европски вредности и нашата заедничка кампања за инклузивност.“

„Оваа резолуција поставува стандард во рамките на Европската Унија,“ вели Дан Кристијан Гатас, извршен директор на ОИИ Европа.“ До денес, договорните тела на Обединетите нации 22 пати ги укоруваа земјите-членки на ЕУ. Десет пати само во изминатите две години германската студија од 2019 година која го споредува годишниот број на таканаречени „нормални операции“ за деца на возраст од 0 до 9 години, не покажува намалување на овие интервенции – и покрај фактот дека во Германија интерполовите нарушувања на човековите права се решаваат уште од деведесеттите години и дека се’ повеќе се отворени и на политичката агенда по препораките на CEDAW издадени во 2008 година. Потребни ни се земјите-членки и Европската Комисија да бидат погласни. На европско ниво ни треба разјаснување дека интерполовите луѓе се заштитени од дискриминација и други кршења на човековите права со кои се соочуваат и се експлицитно вклучени во заштитeната основа за „пол.“

„Ставање крај на осакатувањето на гениталиите на интерполовите доенчиња и деца е прашање од итност и Европскиот Парламент е многу јасен за тоа,“ вели Миријам ван дер Хав, копретседавач на ОИИ Европа. „Што се однесува до земјите-членки на ЕУ, резолуцијата на ЕП поставува јасна агенда за следните чекори што треба да ги преземат за да ги заштитат правата на интерполовите луѓе: земјите-членки треба да воспостават легислатива со која се забрануваат непотребните медицински интервенции без согласност; треба да вклучуваат интерполови луѓе во антидискриминационото законодавство, и да ги спроведат мерките со кои ќе се воспостават адекватни советувања и поддршка за интерполовите деца, возрасни, нивните семејства; и тие треба да ги зголемат финансиските средства за интерполовите организации, бидејќи тие се клучни во подигнување на свеста за потребите на интерполовите луѓе.“

#OIIEurope и #ILGA-Europe беа консултирани од ЛГБТИ Интергрупата и Комитетот на ЛИБЕ на Европскиот Парламент во подготовката за оваа резолуција.

Ова е заедничка изјава за медиумите на ОИИ Европа и ИЛГА-Европа.