Волонтирај за ЕуроПрајд! Март до септември 2020!

Нашите долгогодишни партнери од Thessaloniki Pride и оваа година покануваат млада и амбициозна личност која ќе сака да живее во Солун 185 дена (март-септември), со тоа што преку Европскиот волонтерски сервис ќе биде инволвирана во организацијата и имплементацијата на овогодинешниот Солун Прајд – кој исто така оваа година е и домаќин на ЕуроПрајд!

 

Организацијата носител на овој проект е United Societies of Balkans. Тие промовираат мобилност на млади, вклученост на млади, и нивно активно учество, волонтерство и човекови права. Тоа го прават преку:

• Промовирање на вредности на неформално учење, волонтерството, активно граѓанство и демократија за создавање на подобра иднина за европската младина;
• Вклучување на малцинствата и бегалците во младински активности;
• Градење на здрави односи за соработка помеѓу земјите во областа на Балканот и Источна Европа со остатокот од Европа;
• Користење на нови методологии како што се нови медиуми и граѓанско новинарство за поттикнување на младинско изразување, подигнување на свесноста за човековите права и промовирање на интеркултурен дијалог;
• Искористување на уметноста како алатка за образование и изразување на младите;
• Разбивање предрасуди и стереотипи меѓу европските земји и меѓу младите.

 

За повеќе детали околку овој проект можете да прочитате во следниот инфо пакет.

За да аплицирате, треба да ја пополните следната пријава.

 

Рокот за аплицирање е до 15-ти февруари, и доколку го поминете првиот круг, ќе бидете поканети на интервју во периодот од 20-ти до 25-ти февруари. Финалната селекција ќе биде споделена со сите кандитат(к)и кои поминале низ интервју на 26-ти февруари преку мејл. Селектираниот/ната волонтер/ка ќе започне со ангажманот во март 2020 година.