Повик за учество во меѓународен семинар за ЛГБТИ+ видливост!

И оваа година Субверзивен фронт е партнер во организирањето на Queer Easter – меѓународен семинар за ЛГБТИ+ активисти од цела Европа. Оваа година, семинарот ќе биде од 5-12 април во младинскиот центар на Курт Лаунстин во Вернојхен – Берлин, Германија.

Темата на семинарот за оваа година е Видливост – што значи ЛГБТИ+ видливоста во денешното време и зошто е битно да инвестираме во видливоста на нашите движења.

За учество во семинарот, учесниците сами си ги покриваат патните трошоци до и од Германија, а им се прави покривање на иститите трошоци на последниот ден од семинарот од организаторите. Храната и сместувањето се покриени за деновите на семинарот. За учество во семинарот се плаќа котизација од 50 евра за државјани на Република Северна Македонија.

Пријавете се тука до 20-ти март!