Со оглед на тоа што кризата со КОВИД-19 го зафати целиот свет, активностите и проектите на граѓанските организации се значително променија. Предвидените активности на Субверзивен фронт за март и април – делумно се случија онлајн, а делумно се одложија за период по крајот на вонредната ситуација. Кризата со КОВИД-19, исто така, предизвика загриженост со состојбата околу Прајд настаните на глобално ниво, со оглед на тоа дека повеќето Прајдови низ ЕУ се откажани или одложени во 2020 година на неодредено време. Од нив најзначаен е EuroPride 2020 – предвиден да се случи во Солун овој јуни, но сега одложен за подоцна на сè уште непознат датум годинава.
Субверзивен фронт, како здружение за сексуални и родови малцинства, имаше планирано да спроведе неколку активности во текот на овие два месеци. Некои од овие настани беа прилагодени на интернет платформите со модифицирани методологии, а некои беа одложени за подоцна во годината. Следната табела ги опфаќа настаните што беа планирани за спроведување овој март и април. Некои од овие настани се од Субверзивен фронт, а некои се со партнерски организации.
Активности | Организирано од: | Оригинален датум | Статус |
Тренинг курс за справување со говор на омраза преку едукација за човекови права | HREYN – Тбилиси, Грузија | Март 9-18 | Поместено |
Обука со психолози од училишта за справување со дискриминација и говор на омраза | Субверзивен фронт и Министерство за труд и социјална политика – Скопје, Северна Македонија | Март 19 | Поместено |
Обука со педагози од училишта за справување со дискриминација и говор на омраза | Субверзивен фронт и Министерство за труд и социјална политика – Скопје, Северна Македонија | Март 26 | Поместено |
Напредна посета за планирање со Европски солидарен корпус | Субверзивен фронт, Меѓународен сервис – Скопје, Северна Македонија | Март 23-27 | Поместено |
Генерално собрание на Субверзивен фронт | Субверзивен фронт – Скопје, Северна Македонија | Март 30-31 | Поместено |
Квир Велигден | Едукативен центар Курт Лаустин – Берлин, Германија | Април 5-12 | Поместено |
Млади артивисти за промена: Подкасти | Субверзивен фронт и Стихтинг арт 1 – Скопје, Северна Македонија | Април 13-17 | Одржано онлајн |
Млади артивисти за промена: Раскажување приказни | Субверзивен фронт и Стихтинг арт 1 – Скопје, Северна Македонија | Април 22-26 | Одржано онлајн |
Обука со наставници/чки од основни училишта за справување со дискриминација и говор на омраза | Субверзивен фронт и Министерство за труд и социјална политика – Скопје, Северна Македонија | Април 21 | Поместено |
Обука со наставници/чки од средни училишта за справување со дискриминација и говор на омраза | Субверзивен фронт и Министерство за труд и социјална политика – Скопје, Северна Македонија | Април 30 | Поместено |
Како си ми? | Субверзивен фронт и Сигурна куќа | Март 21 | Одржано онлајн |
Втор „Како си ми?“ | Субверзивен фронт и Сигурна куќа | Април 23 | Одржано онлајн |
Дрег шминка 101 | Александар Кајмакоски | Март 21 | Одржано онлајн |
Техники од јога и медитација како СОС во кризни состојби | Студенти по психологија | Април 4 | Одржано онлајн |
ХИВ во прво лице еднина | Субверзивен фронт и Заедно посилни | Април 28 | Одржано онлајн |
Последните пет настани беа реализирани од страна на Субверзивен фронт и лични мотивирани активисти во затворената група на Фејсбук „ЛГБТИ, заедно во самоизолација“ која беше формирана кон средината на март како алатка за приближување на настани за градење заедница во ова време на криза. Бидејќи мерките во државата се засилени и бидејќи се забранети социјални собири, групата беше одлична иницијатива да ја задржи квир заедницата активирана и поврзана додека се изолира дома. Настаните и целта на групата првенствено беа насочени кон справување со прашања од ментално здравје, лична благосостојба, осаменост, недостаток на контакт меѓу врсници затоа што бидејќи поголемиот дел од заедницата е под поголем притисок поради мерките за изолација.
Групата сега брои 200+ членови кои доаѓаат од сите страни на Северна Македонија и им овозможи на квир младите од помалите градови да ги запознаат организациите, како и да се вклучат во активностите на Младинските артивисти за промена при обуките што се одвиваа во април. Истите обуки им овозможија на повеќе лица од надвор од Скопје да ја следат обуката, и за разлика од минатогодишните обуки – кога мнозинството пријавени учесници беа од Скопје – оваа година повеќето учесници беа претежно надвор од Скопје.
Најдобрите впечатоци на групата беа самоорганизирање, каде членовите на заедницата се обидоа да организираат свои сесии онлајн – сесијата на техники од јога и медитација како СОС за време на кризни ситуации и работилницата Дрег шминка 101.
Завршната работилница за април беше нашата најпланирана и најколаборативна, на тема ХИВ во прво лице еднина. Членовите на заедницата беа во можност да слушнат презентација за состојбата со ХИВ, ПрЕП и АРТ (антиретровирусна терапија) во Северна Македонија од работата на Заедно посилни (Здружение за луѓе кои живеат со ХИВ), како и со поставување прашања и слушање на приказната за личност која живее со ХИВ – сè од моментот кога бил дијагностициран пред 6 години, до чувствата што ги имал, и сега како гласен активист и истражувач од областа на превенција и третман на ХИВ.