Здружението за сексуални и родови малцинства Субверзивен фронт е граѓанска организација која ја ангажира заедницата во промоцијата на правдата, слободата и еднаквоста за сексуалните и родови малцинства во С. Македонија преку принципите на отчетност, солидарност и вклученост. Ние веруваме дека за припадниците на сексуалните и родови малцинства да живеат слободно, отворено и автентично, ние мора да развиваме политики засновани на докази, програми и услуги кои го поддржуваат остварувањето на себе-идентификуваните потреби на нашата заедница. Во остварувањето на нашата мисија, ние применуваме пристап базиран на ментално здравје, затоа што само и единствено тој произведува одржлив, долгорочен и плодоносен активизам за ЛГБТИ права и еднаквост.
Минатата 2019-та година беше неверојатно предизвикувачка и возбудлива за нас – низ страниците од овој извештај може да ги видите конкретните проекти и активности спроведени. Извештајот може да го видите на следниот ЛИНК.