Справување со повеќекратна дискриминација кај ЛГБТИ+ Роми – Практичен водич

Во рамките на повеќегодишната соработка со Civil Rights Defenders, здружението за сексуални и родови малцинства Субверзивен фронт од Скопје се фокусира на адресирањето на дискриминацијата која се манифестира на пресекот помеѓу повеќе идентитетски линии – оние на сексуалниот, родовиот, етничкиот и религискиот идентитет. Како најеклатантен пример за ваков вид на дискриминација во македонското општество вообичаено се разгледува дискриминацијата по повеќе основи – повеќекратната дискриминација кај Ромите кои се идентитификуваат како дел од заедницата на ЛГБТИ – лезбејки, геј мажи, бисексуални, трансродови и интерсексуални луѓе. Предмет на овој водич ќе биде токму повеќекратната дискриминација, која е еден од потешките облици на дискриминација.

Изработката на водичот е една од активностите во рамките на спроведувањето на проектот „Омоќување на ЛГБТИ Ромите и граѓанските организации во Албанија, С. Македонија и Србија“, со поддршка на Civil Rights Defenders – меѓународна невладина организација за човекови права со седиште во Стокхолм, Шведска. Проектот има за цел да ја адресира ниската видливост и свесност за потребите и проблемите на ЛГБТИ луѓето кои исто така се идентификуваат како дел од ромската заедница. Преку преземање на акции кои ќе ги омоќат ЛГБТИ Ромите да ги зајакнат сопствените капацитети за да побараат непречено остварување на нивните човекови права, но и на зголемено адресирање на нивните проблеми и потреби, проектот цели кон остварување на следните резултат и влијание:

Резултат: Стекната свесност за нормализацијата на опресијата меѓу ЛГБТИ Ромите и стекнати знаења и алатки за нивен ангажман во активизмот за човекови права и еднаквост за ЛГБТИ и за Ромите во С. Македонија и пошироко.

Влијание: Подобрени положба и човекови права на ЛГБТИ Ромите во С. Македонија, во нивните микро-опкружувања и пошироко во општеството.

Се очекува овој водич да биде користен не само од ЛГБТИ Ромите, туку и од претставници од ЛГБТИ организациите, ромските организации, организациите за човекови права, како и од надлежните државни органи.

Линк до водичот