Интервју на Кајгана со Давид Тасевски

Во интервју за Кајгана, Давис Тасевски зброува за трансфобијата во денешното време и што претставува:

„Како термини, се користат хомофобија, трансфобија, бифобија итн. Тоа е така прифатено, и се употребуваат, но, во ситуација кога зборуваме за ЛГБТИ+ луѓето и некаква фобија од нив, мене лично овие зборови не ми се соодветен опис, иако ги користам и јас. Ако кажеме дека зборот фобија означува ирационален страв или прекумерен страв од нешто, или ако зборуваме за агорафобија на пример, кое е страв од отворен простор или страв од ситуации од кои не може да се избега, луѓето најчесто ќе ни кажат дека им се појавува интензивно чувство на страв и паника. Јас сè уште немам видено некој да е вака уплашен од ЛГБТИ+ луѓето, колку што едноставно го гледаме потсмевот, омразата и нападите врз луѓе и места кои се поврзуваат со ЛГБТИ. Точно, можеме да го поврземе со стравот од непознатото, но не во сите ситуации и не така интензивно, а да е без причина. Затоа, одредени истражувања ја поврзуваат интензивната омраза кај испитаниците, со нивното лично чувство на несигурност со сопствената сексуалност. Зошто? Бидејќи интензивна омраза и опседнатост со одредена тема, гледаме онаму каде човекот е некако лично засегнат од темата, без разлика дали за тоа е свесен или не. Треба да нагласиме, дека едноставно се работи за омраза и нетрпеливост кон оние кои се поразлични, и кога се работи за омраза и дискриминација, тука нема што да се дискутира“.

Прочитајте ја целата колумна тука