🚨 Во периодот од 01/05/2021 година до 01/03/2022 година, Субверзивен фронт, до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, поднесе 18 Претставки. Од 18 поднесени Претставки до КСЗД имаме 11 мислења во кои се утврдува дискриминација, а за останатите сè уште очекуваме одговор.
👉🏻 На 29/10/2021 година КСЗД утврди вознемирување врз основа на родов идентитет, сексуална ориентација и припадност на маргинализирана група сторено од Миленко Неделковски.
👉🏻 На 15/11/2021 година КСЗД утврди вознемирување врз основа на родов идентитет, сексуална ориентација и припадност на маргинализирана група сторено од Агим Јонуз.
👉🏻 На 22/11/2021 година КСЗД утврди повикување, поттикнување и инструкција за дискриминација како и вознемирување врз основа на пол, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, сексуална ориентација и родов идентитет сторено од Маријан Камиловски.
👉🏻 На 14/12/2021 година КСЗД утврди вознемирување врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет сторено од Студио Б спрема припадници на ЛГБТИ+ заедницата.
👉🏻 На 27/01/2022 година КСЗД утврди вознемирување врз основа на пол, припадност на маргинализирана група, лично својство и општествен статус кон припадниците на ЛГБТИ+ заедницата од страна на Јадранка Бибан.
👉🏻 На 27/01/2022 година КСЗД утврди повторено и продолжено вознемирување врз основа на пол, припадност на маргинализирана група, лично својство, сексуална ориентација и родов идентитет кон припадниците на ЛГБТИ+ заедницата од страна на Јадранка Бибан.
👉🏻 На 03/02/2022 година КСЗД утврди вознемирување во облик на дискриминација врз основа на пол, припадност на маргинализирана група, сексуална ориентација, родов идентитет и личен и општествен статус насочено кон ЛГБТИ+ заедницата од страна на Аљоша Иваноски.
👉🏻 На 09/02/2022 година КСЗД утврди вознемирување со облик на продолжена дискриминација врз основа на пол, припадност на маргинализирана група, сексуална ориентација, родов идентитет и личен и општествен статус насочена кон ЛГБТИ+ заедницата во областа на медиумите и јавното информирање сторено од Јадранка Бибан.
👉🏻 На 10/02/2022 година КСЗД утврди повеќекратно вознемирување и повикување, поттикнување и инструкција на дискриминација врз основа на пол, род, припадност на маргинализирана група, семејна и брачна состојба и сексуална ориентација на социјални медиуми сторено од Маријан Камиловски.
👉🏻 На 15/02/2022 година КСЗД утврди вознемирување врз основа на пол, припадност на маргинализирана група, сексуална ориентација, родов идентитет и личен и општествен статус насочено кон ЛГБТИ+ заедницата во областа на социјални мрежи сторено од Мухамед Раманоски.
👉🏻 На 17/02/2022 година КСЗД утврди вознемирување врз основа на пол, припадност на маргинализирана група, сексуална ориентација, родов идентитет и личен и општествен статус насочено кон ЛГБТИ+ заедницата во областа на социјални мрежи сторено од Петар Ристески – актуелен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.
⚠️ Доколку субјектите кон кои е упатена Препораката не постапат по истата, Комисијата има законска надлежност да поднесе барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежниот суд за прекршоци, согласно член 27, став 4 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.
📧 Пријавувањето може да го направите преку формуларот на страницата тука.