Здружение за сексуални и родови малцинства – Субверзивен фронт, објавува оглас за вработување на работна позиција: Менаџер/ка на администрација и комуникации.
Опис на работни задачи:
Спроведување на административните задачи на проектите во организацијата;
Планирање, закажување и промовирање настани, вклучувајќи состаноци, конференции, интервјуа, итн.
Складирање на информации со користење на системите за поднесување и организирање на документите.
Развивање комуникациски стратегии и креирање информативни соопштенија за објавување.
Планирање и управување со дизајнот и содржината на материјалите.
Поддршка на работата на Извршниот директор;
Раководење со човечките ресурси на ниво на организацијата.
Потребни квалификации:
Минимум 3 години работно искуство (волонтирање и стажирање се смета како соодветно работно искуство), предност имаат кандидатите со искуство во слични организации и на слични работни позиции;
Искуство во работа со маргинализирани групи;
Познавање и користење на работен англиски јазик;
Компјутерски вештини (Microsoft Office и основни познавања на алатки за графички дизајн: Photoshop, Illustrator, Canva);
Менаџерски и организациски способности;
*Предност ќе имаат кандидатите кои имаат познавање од работа со финансии.
Организацијата нуди безбедна работна средина за ЛГБТИ+ луѓето, и силно ги охрабруваме луѓето од заедницата кои ги исполнуваат горенаведените квалификации, да аплицираат на позицијата.
Рок и потребни документи за аплицирање:
Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија и мотивациско писмо. Апликациите се доставуваат на: [email protected] најдоцна до 03.09.2022, 16:00 часот. При доставувањето на апликациите Ве замолуваме мејлот да гласи: „Апликација за позиција – Менаџер на администрација и комуникации“. Со квалификуваните кандидати ќе биде спроведено интервју.
Договор за вработување:
Со избраниот кандидат, Субверзивен фронт ќе склучи договор за вработување за пробна работа во траење од 3 месеци. Работното време ќе изнесува 35 часа неделно. Правата и обврските од договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работни односи. За работното место е предвидена почетна нето плата од 27.000 денари месечно. Работните простории на Субверзивен фронт се наоѓаат во Скопје.
*Субверзивен фронт го задржува правото да не избере ниту еден од апликантите и/или да го продолжи повикот.