Верскиот екстремизам и нетолеранцијата немаат место во албанскиот Парламент!

Тирана, 20 јули 2016 – ПИНК Амбасада, една од водечките организации за правата на ЛГБТ заедницата (лезбејки, геј, бисексуалци и транссексуалци) во Албанија, преку оваа јавна изјава сака да го изрази силно својот револт кон промена на позицијата што се случи неодамна од двете најголеми политички партии во Албанија, Социјалистичката партија и Социјалистичкото движење за интеграција, во врска со нивното повлекување на поддршката што им ја даде за вклучување дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет во член 18 од Уставот на заштитата од дискриминација. Овие промени би го донеле Уставот на Албанија чекор поблиску до целосно почитување на човековите права и обезбедување на еднаквост пред законот за сите граѓани.

Ова утро, главните извори на медиумите во земјата, објавија дека главните претставници на двете политички партии на Посебната комисија за реформа на правосудниот, се согласиле да ја повлечат својата поддршка за вклучување на сексуалната ориентација и родовиот идентитет меѓу основите за заштита од дискриминација. Промената на оваа позиција се должи на притисокот од страна на верските заедници во Албанија, особено муслиманската и дискриминаторскиот јазик и говорот на омраза на последната седница на Парламентот од страна на пратеничката Месила Дода, отворена и голема бранителка на католичката религија во Албанија.

Ставањето на ЛГБТ заедницата на ваквата состојба на нееднаквост пред законот во однос на различните општествени заедници е најдобар показател дека Албанија и понатаму отворено прави дискриминација на ЛГБТ лицата.

Политичките поднесување на двете парламентарни партии кои ги направија кон верските заедници во Албанија, фрли сериозна сенка на сомнеж за независноста на албанската држава и секуларизмот! Денес членовите на двете политички сили застанаа рамо до рамо со сите оние кои промовираат нетолеранција и верски екстремизам.

Субверзивен фронт остро го осудува овој вид на однесување на политичките партии. Ги повикуваме двете страни да не паднат под притисокот на верскиот екстремизам и да ја продолжат борбата за еднакви права за сите луѓе.

ОМРАЗА не е решение! Кажи ДА за љубов!