Во Хрватска изгорен транспарент на детски карневал на кој била претставена сликовницата за истополовите семејства

Деновиве на социјалните мрежи се појавија слики од запалени знамиња со истополови семејства насликани со “Мама и мама” и “Тато и тато” на детскиот карневал во Каштел Камбеловац, Хрватска. Ова е контроверзна практика на оние кои сакаат од децата да го сокријат постоењето на ЛГБТ луѓето, но истовремено да поттикнат и омраза кон нив како дел од домашното воспитание.

Како кулминација на карневалот се пали “krnjo”, симбол на нешто што во изминатата година предизвикало најголема неправда и зло, најголемиот виновник за човечката несреќа, најголемиот непријател и тн.

Вообичаено, „krnjo“ е најомразениот политичар или претприемач, но оваа година, барем според мислењата на присутните на карневалот, најнегативните луѓе во Хрватска се истополовите семејства и здружението, кои впрочем ја издадоа првата хрватска ЛГБТ сликовна книга. Сликовницата, за која големи се шансите да не ни стигнала до Каштел Камбеловац во Далмација, имала толку големо влијание врз најмладите жители во ова место што нивните родители сметале дека мора да се побунат против сликовницата, која пак, не е никаква пропаганда туку само ја пренесува пораката дека ЛГБТ семејствата постојат и дека се еднакви како сите други семејства.

Ова дело само го потврдува фактот колку се потребни сликовниците, како што е оваа за истополовите семејства, бидејќи укажуваат на неверојатен парадокс.

Имено, истите луѓе кои се противат на спомнувањето на ЛГБТ луѓето во наставната програма, кои се противат на тоа нивните деца да слушнат нешто објективно, точно и недискриминаторско во врска со сексот, мастурбацијата, контрацепцијата и хомосексуалноста, аргументирајќи дека децата се премногу мали и дека е ова пропаганда, немаат проблем да на уште помладите им наметнат субјективни, неточни и дискриминаторски ставови, ширејќи лажна пропаганда која прикажува само една перспектива на проблемот, и тоа онаа погрешната.

Извор: Crol.hr