Интервју со претседателката на Парламентарното собрание на Советот на Европа – Ан Брасер

„Горда сум што сум претседателка на Генералното собрание, кое со себе брои 324 парламентарни члена од 47 европски држави, репрезентирани од 820 милиони луѓе.

За да имаме допринес од различностите, покрај поддржувањето на перманентен дијалог и заемно-почит мораме исто и да се покажеме во разбирањето на другите, земајќи ја в предвид нивната позадина, нивната историја, нивната култура, нивните сензибилности и нивните политички ставови. Нашата улога е да работиме заедно и да ги штитиме вредностите со решителност и да ги решаваме, додека истовремено укажуваме дека овие вредности не се за преговарање.

Човековите права, демократијата и владеењето на правото не познаваат граници и никогаш не треба да ги препознаваат.

Предизвиците кои не’ чекаат се огромни. Граничат помеѓу порастот на екстремизам и тероризам, до трговија со луѓе, насилство против жени и деца и опасностите асоцирани со нови технологии, да набројам само неколку. Заради тоа мораме да реагираме бргу при кризни ситуации со нашите држави членки и нашите соседни држави.

Да потцртаме што е тоа што не’ зближува, а не што не’ разделува. Тоа што не’ зближува се целите на Советот на Европа, имено зацврстувањето на човековите права, демократијата и владеењето на правото, а во меѓувреме сеќавајќи се дека нашите вредности не треба да се земаат здраво за готово, и дека треба да ги браниме секој ден“.

  • Ан Брасер за нејзиното претседателство со Парламентарното собрание на Советот на Европа

 Како официјалната амбасадорка за Кампањата против говор на омраза, претседателката Брасер има завршено огромна работа во полето на човековите права со нејзиното промовирање на целите и на постигнувањата на кампањата, не само со и во Советот на Европа, но носејќи ја со себе кампањата и на еден начин „закачувајќи ја“ на безброј влијатели, лидери и политички лица ширум светот. Нејзиното најзначајно промовирање беше со лица како што се Далај-лама и Папата Франциск.

За време на нашата евалуациона конференција, претседателката Брасер даде говор за зајакнување на човековите права и потребата за кампања од овој калибар да биде одржлива – сега повеќе од кога било. Преку нејзиното долгогодишно искуство во областа на човековите права, таа направи неверојатни работи како наша амбасадорка, но исто така и како претседателка на Парламентарното собрание на Советот на Европа – и нам ние жал што таа заминува од нејзината позиција. Сепак, и посакуваме голем успех во нејзината континуирана кариера и знаеме дека таа секогаш ќе остане активистка и амбасадорка на кампањата.

По една од нашите сесии, ја презедов иницијативата да ја прашам повеќе за нејзиниот живот, нејзината работа и нејзините искуства со кампањата од самиот почеток.

 

Дали кога бевте помлада некогаш помисливте дека ќе водите интернационала кампања како што е оваа?

„Не, се разбира дека не, но кога бев млада светот сеуште беше одделен, па тоа не беше толку глобално размислување. Имавме граници; знаете, доаѓам од земја опкружена со држави од секоја страна, па за дваесетина минути бевме или во Германија или во Белгија или во Франција. Потребна беше лична карта, и имаше гранични премини за во соседните држави, па затоа беше многу тешко патувањето – така што повеќе не може да се споредите со тие времиња. Драго ми е што можев барем да придонесам со она што го имам на располагање и да ја направам кампањата повидлива“.

Точно така, и самата кампања придонесе кон градењето на свет без граници, како и кинење на оние што веќе ги имаме – културни, но и политички.

Кој Ви беше најголемиот предизвик додека ја претставувавте кампањата во текот на годините?

„Предизвици… некои луѓе ме напаѓаа дека ги претставував „западните вредности“ наспроти „традиционалните вредности”. Па, ги имаме истите вредности … истите вредности, тоа е конвенцијата за човековите права, а сите земји-членки на Советот на Европа се дел од таа конвенција – така што ги делиме истите вредности и тие не се таму за да не разделат, но за жал сега постојат политички партии кои го искористуваат тоа, а наместо да ги заштитат човековите права, поставуваат бариери – не само физички, туку и во главите на луѓето“.

Да се биде жена во овој свет е соочено со многу предизвици, дали некогаш Ви било кажано бидејќи сте жена немате место во политиката?

„Не, никогаш не сум го искусила тоа за среќа. Кога почнав со политика имав 25 години, бев избрана за член на Градскиот совет на градот Луксембург; и мислам дека тоа беше дури и предност, бидејќи бев најмладата, но и затоа што бев жена, па затоа и добив повеќе медиумско внимание што ми помогна да почнам. Како и секогаш, кога бев заменик-градоначалник на градот Луксембург, јас бев задолжена за техничките прашања и никогаш не сум имал чувство дека како жена „како би сработела вакво нешто?” Па и затоа сум многу среќна и искусна“.

Тоа е прекрасно искуство, навистина. Можеме да се надеваме дека иднината е ваква за сите девојки и дека ниедна жена нема да доживува дискриминација врз основа на нејзините интереси, како што е на пример политиката.

Во продолжение на тоа прашање, дали мислите дека се имаме унапредено во родовата еднаквост откако ја имавте започнато Вашата политичка кариера?

„О да, кога ја почнав мојата кариера во Градскиот совет, имавме 27 членови на Градскиот совет во градот Луксембург, главна на советот беше жена, а јас бев единствена жена-членка на Советот. Сега, во мојата политичка група (либералната партија), кога уште бев активна во локалната политика, од десет избрани членови имавме осум жени. Тоа многу се промени без квоти, бидејќи мислам дека бевме добри во давањето пример дека треба да продолжиме така и да побараме од жените да бидат навистина посветени“.

Апсолутно! Повеќето жени би прескокнале политичка кариера ако би им било кажано како деца или во адолесценција дека политиката е „машки свет”, тоа е навистина лош наратив кој е вграден во нашите општества.

„Секако! Но, тогаш мора да поставиме добар пример како избрани политичарки; Имав среќа, во целиот мој живот многу често бев на вистинското место, во вистинско расположение; па така успеав да бидам во парламентот, или министерка, или претседателка на Парламентарното собрание, но драго ми е што не ги добив тие позиции врз основа на квота, инаку би имал чувство дека ги добив тие позиции бидејќи сум жена; и не, ги добив тие позиции поради тоа што го сработив – и мислам дека треба да стигнеме до тој стадиум, но за жал се’ уште не сме таму“.

Да, се’ уште не сме таму, но се надевам дека ќе бидеме!

Кои според Вас се клучните работи што девојките треба да ги знаат кога треба да ги следат нивните соништа – дури и ако се политички?

„Па, треба да бидат посветени, било во политики или во невладини организации – или во што и да прават! Исто така, младите момчиња, всушност сите млади луѓе треба да знаат дека е многу важно да се грижат и да не мислат дека другите ќе се грижат; и ако можам да дадам совет, ако прават нешто, мора да веруваат во она што го прават – тоа е најважното нешто“.

Прекрасен совет! Моето последно прашање ќе биде …

За да му дозволиме на светот да Ве запознае повеќе како Ан Брасер (а не само како политичарка), кое е вашето хоби кога се одморате од работа?

„Па, сакам да читам, ми се допаѓа спортот, но на прво место е моето семејство и моите пријатели. Мислам дека политиката не е се’ во животот и дека треба да имате добри пријатели надвор од политиката, но исто така и пријатели во политиката – што е доста ретко, но за други активности ви се потребни и пријатели каде што можете да дискутирате за нештата. Каде и сега ќе имам повеќе време за вложување, и за моите интереси – кои вклучуваат музика, спортување и читање“.

Која е вашата омилена книга за препорачување?

„Тоа е многу тешко, скоро бев многу импресиониран од „Сапиенс: кратка историја на човештвото“ – која само што ја завршив. Сега ја читам „Чудото на Спиноза“, кое исто така е многу добра! Претходно немам време за читање, но сега имам, и се разбира, сакам да читам и трилери“.

Прекрасно! Ви благодарам многу за споделувањето.

За крај, пак сакам лично да и’ се заблагодарам на претседателката Брасер за одвојување на време да одговори на моите прашања, нејзината работа со кампањата, Советот на Европа, се’ пред тоа – и секако со се’ што планира да работи во Нејзината иднина.

 

 

 

 

 

 

Автрор: Стефан Петровски