Субверзивен фронт е здружение за сексуални и родови малцинства.
- Застапување и влијание врз политиките за правата и положбата на сексуалните и родовите малцинства;
- Развој на заедницата на сексуалните и родовите малцинства;
- Истражување и обезбедување докази за проблемите и потребите на заедницата на сексуални и родови малцинства.
- Мисија: Субверзивен фронт е граѓанска организација која ја ангажира заедницата во промоцијата на правдата, слободата и еднаквоста за сексуалните и родови малцинства во Македонија преку принципите на отчетност, солидарност и вклученост.
- Визија: Субверзивен фронт верува дека за припадниците на сексуалните и родови малцинства да живеат слободно, отворено и автентично, ние мора да развиваме политики засновани на докази, програми и услуги кои го поддржуваат остварувањето на себе-идентификуваните потреби на нашата заедница.
- Воспоставување на истражувачки програми на локално, национално, регионално и глобално ниво за генерирање на податоци и знаења за потребите и грижите на заедницата на сексуални и родови малцинства;
- Поддршка во индивидуално и колективно градење на заедница на сексуални и родови малцинства со цел нејзините припадници да се во првите редови на сите наши активности;
- Застапување на политики и закони кои ги адресираат потребите на заедницата на сексуални и родови малцинства и ја обезбедуваат нивната заштита;
- Градење соработка, партнерства и сојузништва со граѓански организации, министерства, единици на локална самоуправа, државни агенции, бироа и управи, синдикати, здравствени установи, просветни установи, центри за социјална работа, младински организации, младински работници, медиуми, членови на семејства, поддржувачи и сојузници, истражувачи и истражувачки институти и агенции, меѓународни организации и институции, и други чинители со цел унапредување на положбата и правата на сексуалните и родовите малцинства во државата и пошироко.
Вредности
- Различност – Ние вложуваме посебни напори при создавање средина што ја рефлектира и претставува различноста во нашата заедница. Сите наши активности се водени од идејата дека промовирањето и практикувањето различност носи придобивки за членовите на нашата заедница.
- Засновани од заедницата – Создавањето и спроведувањето на нашите активности, планови и буџети е според водичи, наоди и упатства за проблемите и потребите на сексуалните и родовите малцинства. Гласот на заедницата на сексуални и родови малцинства е уважен и почитуван во сите области на нашата работа.
- Соработка – Во сите наши напори, ние целиме создавање на доверлива клима, доверба и вредности кои ги делиме со сите страни со кои отпочнуваме дијалог. Се стремиме да работиме заедно во сите вкрстени полиња на нашиот отпор, и на тој начин да изградиме солидарни сојузи.
- Транспарентност – Ние спроведуваме отворена и искрена комуникација со сите засегнати страни. Доказите на нашата работа, нашите резултати, и нашите методи се јавно достапни за која било засегната страна која би имала желба да спроведе набљудување и евалуација.
- Солидарност – Ние сме здружени во реализацијата на нашите цели и интерес. Ние практикуваме и промовираме здруженост во сите наши пораки, активности, и однесувања.
Целни групи
- Луѓето од заедницата на сексуални и родови малцинства, (во продолжение како СРМ) поточно младите од оваа заедница, СРМ коишто се под специфичен социјален ризик (бездомништво, невработеност, попреченост, стари лица од оваа заедница, и тн.), СРМ кои живеат со ХИВ, СРМ кои се сексуални работници, СРМ кои употребуваат дроги, СРМ кои потекнуваат од етничко и религиско малцинство, СРМ баратели на азил, СРМ бегалци, СРМ активисти за човекови права и еднаквост за заедницата на СРМ чиишто права биле загрозени, и кои имаат потреба од специфично правно и психолошко советување.
- Државни службеници, вработени во сите нивоа на државната управа – централна власт, законодавна власт, судови, обвинителства, општинска администрација, како и во различните јавни сектори: здравство, социјална заштита, образование, правда, и тн.) чијашто надлежност опфаќа заштита, промоција и превенција на човекови права, и чиишто знаења и вештини за проблемите и потребите на ЛГБТИ заедницата треба да се подобрат.
- Граѓански организации кои работат на заштита, почит, и промоција на човековите права, развој на заедница, владеење на право, добро управување, родова еднаквост, и заштита на животната средина.
- Медиуми, новинари и уредници на традиционални (ТВ, радио, печат) и дигитални медиуми кои публикуваат и презентираат информации до пошироката јавност и се способни да влијаат кон јавната дебата.
- Меѓународни партнери – владини и невладини организации, универзитети, институти за истражување, донатори, финансиери, и фондации, кои соодветно го поддржуваат нашето стратегиско работење.
Белешки од Годишно собрание:
Осмо годишно собрание 22.04.2021
На Осмото Годишно Собрание на С-Фронт, одржано на 22 април 2021 година, беа донесени следните одлуки:
- Усвојување на годишниот наративен и финансиски извештај за 2020 година.
- Утврдување и исклучување на членови на С-Фронт.
- Разрешување на Антонио Михајлов од Извршн директор.
- Назначување на Давид Тасевски за Извршен директор
- Усвоени измени и дополнувања во Статутот на С-Фронт – види Статут на С-фронт.
Седмо Годишно Собрание на С-фронт, 14.05.2020
На Седмото Годишно Собрание на С-Фронт, одржано на 14 мај 2020 година, беа донесени следните одлуки:
- Усвојување на годишниот наративен и финансиски извештај за 2019 година
- Одлука да се формира Советодавен одбор составен од ЛГБТИ+ луѓе.
Шесто Годишно Собрание на С-Фронт, 21.03.2019
На Шестото Годишно Собрание на С-Фронт, одржано на 21ви март 2019 година, беа донесени следните одлуки:
- Пристапување на 3 нови членови кон организацијата и исклучување на 2 членови,
- Разрешување на Ангелина Иванова од Извршна директорка, разрешување на Даниел Митковски и Антонио Михајлов од Управен Одбор,
- Назначување на Викторија Бондиќова и Маја Атанасова за нови членови на Управен Одбор со мандат од 3 години.
- Назначување на Антонио Михајлов за Извршен директор,
- Назначување на Ангелина Иванова за Директор на финансии и администрација,
- Усвоени измени и дополнувања во Статутот на С-Фронт – види Статут на С-фронт.
- Усвојување на годишниот наративен и финансиски извештај за 2018 година
Петто Годишно Собрание на С-Фронт, 26.03.2018
На Петтото Годишно Собрание на С-Фронт, одржано на 26ти март 2018 година, беа донесени следните одлуки:
- Промена на структурата на организацијата со внесување на Управен одбор и Извршен/на директор/ка, а укинување на Извршниот одбор и Претседателот.
- Избор на следните членови на Управниот одбор, со мандат од три (3) години: Антонио Михајлов, Даниел Митковски и Кристефер Стојановски.
- Избор на Ангелина Иванова како нова Извршна директорка, со мандат од три (3) години.
- Промена на седиштето на организацијата од улица Македонија 11/2-10 на бул. Кузман Јосифовски Питу 19/5-28, 1000 Скопје.
- Зачленување во следните три (3) мрежи: НМХТ (Национална мрежа за борва против хомофобија и трансфобија), НМСМ (Национален младински совет на Македонија) и Национална кампања против говор на омраза.
- Усвојување на годишниот наративен и финансиски извештај за 2017 година.
- Утврдување и исклучување на членови на С-Фронт.
- Усвоени измени и дополнувања во Статутот на С-Фронт – види: Статут на С-Фронт, 26.03.2018
Четврто Годишно Собрание на С-Фронт, 17.03.2017
На Четвртото Годишно Собрание на С-Фронт, одржано на 17ти март 2017 година, беа донесени следните одлуки:
- Избор на Николај Митрески за член на Извршен Одбор и со тоа престанок на мандатот на досегашната членка на ИО, Александра Богдановска
- Повторен избор на Даниел Митковски и Илина Мојсовска за членови на Извршниот Одбор
- Усвојување на годишниот наративен и финансиски извештај за 2016 година
Трето Годишно Собрание на С-Фронт, 25.01.2016
На Третото Годишно Собрание на С-Фронт, одржано на 25 јануари 2016 година, беа донесени следните одлуки:
- Избор на Натали Петровска за членка на Извршниот Одбор на С-Фронт и со тоа, престанок на мандатот на досегашната членка на ИО, Драгана Дрндаревска
- Повторен избор на Антонио Михајлов за член на Извршниот Одбор и за претседател на С-Фронт
- Усвоени измени и дополнувања во Статутот на С-Фронт – види: Статут на С-Фронт, 25.01.2016
Второ Годишно Собрание на С-Фронт, 29.12.2014
На Второто Годишно Собрание на С-Фронт, одржано на 29 декември 2014 година, беа донесени следните одлуки:
- Избор на Александра Богдановска, Даниел Митковски и Илина Мојсовска за членови на Извршниот Одбор на С-Фронт, и со тоа престанок на мандатите на Благородна Апостоловска, Лука Иванов и Лина Ќостарова – Унковска
- Изгласано новото седиште на организацијата: улица „Македонија“ број 11/2-10, општина Центар, Скопје.
Основачко Собрание на Субверзивен Фронт, 23.06.2013
На 23 јуни 2013 е основано Здружението за критички пристап кон родот и сексуалноста – Субверзивен Фронт Скопје. На 3 јули 2013 година Централниот Регистар на РМ го одобри барањето за регистрација на Субверзивен Фронт – здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста.
Здружението работи на промоција на критичен, непатријархален пристап кон родот и сексуалноста, на отворање нехомофобична дебата за правата на луѓето кои не се идентификуваат со доминантните хетеронормативни вредности, на политики и стратегии за создавање на поволна општествена и политичка клима за овие луѓе, како и на создавање на органска и организирана квир и ЛГБТИ заедница која би се мотивирала за активно учество во кампањата и борбата за еднакви права.
Првото седиште на здружението е на ул. „Венијамин Мачуковски„ бр. 1А-1/13, општина Аеродром, Скопје.
Основачи на здружението се Викторија Анастасова, Благородна Апостоловска, Деница Апостоловска, Лука Иванов, Андреа Крајевска и Антонио Михајлов, а за Претседател на здружението е избран Антонио Михајлов.
За членови на првиот состав на Извршниот Одбор се избрани Благородна Апостоловска, Драгана Дрндаревска, Лука Иванов, Антонио Михајлов и Лина Ќостарова – Унковска.