Добијте поддршка

Услуги на психолошко советување за ЛГБТИ луѓе

Дали имате потешкотии во соопштување на вашата сексуална ориентација или вашиот родов идентитет на блиските? Дали сакате да ги соопштите вашата сексуална ориентација и/или вашиот родов идентитет? Дали се чувствувате загрижено, тажно или чувствувате непријатност во односите со другите?

Во соработка со група на психолози од Комората на психолози на РМ, Субверзивен фронт нуди услуги на психолошко советување за лезбијки, геј мажи, бисексуални, трансродови и интерполови луѓе.

Обучени и сензибилизирани психолози кои имаат повеќегодишно искуство поврзано со работата со ЛГБТИ луѓе, стојат на располагање за соодветна помош и советување за секаков вид потешкотии поврзани со вашата сексуална ориентација и/или родов идентитет, но и останати видови потешкотии и грижи кои може, но и не мора да произлегуваат од:

  • процесот на соопштување на сопствената сексуална ориентација и родов идентитет (coming-out) во рамките на семејството, пријателите, колегите и сл.
  • чувствување на анксиозност, депресивност, одбегнување или минимизирање на социјална интеракција, како и
  • дискриминација и повреда на правото на еднаков пристап кон услугите на здравствена и социјална заштита сторени од страна на психолози и/или психотерапевти

Услугите на психолошко советување и психотерапија се одржуваат во просториите на Субверзивен фронт надвор од работното време на организацијата, во сигурна, пријателска и доверлива атмосфера. Подолу на дадените контакт информации може директно да ги контактирате психолозите за закажување на сесија.

  • Елисавета Секуловска, психолог, психотерапевт – пристап: когнитивно-бихевиорален и трансакциска анализа – 078 576 804
  • Вида Гаврилоска – психолог, семеен и системски психотерапевт – 077 791 100
  • Кристина Лефкова – психолог, семеен и системски психотерапевт – 071 218 787
  • Елена Николовска, психолог, семеен и системски советник – 078 293 014
  • Марија Трпчевска, психолог, семеен и системски советник – 078 739 053
  • Давид Тасевски, психолог, семеен и системски советник – 078 310 947
  • Зорица Николова, психолог, семеен и системски советник – 078 299 071

 

Услуги на правна поддршка и советување:

Во соработка со адвокати и правници ангажирани од Македонското здружение на млади правници, Субверзивен фронт нуди сеопфатни услуги на правно советување и информирање, правна помош, и застапување, за лезбејки, геј мажи, бисексуални, трансродови и интерполови луѓе. Обучени и сензибилизирани правници и адвокати со повеќегодишно професионално искуство во работата со ЛГБТИ луѓе, се на располагање за секаков вид правна помош и поддршка во непреченото остварување и соодветната заштита на човековите права и еднаквост, без разлика на сексуалната ориентација, родовиот идентитет, и/или половите карактеристики на барателите на помош. Областите на потесна специјалност на услугите на правна поддршка и советување се поврзани со:

  • дискриминација врз основа на СОРИ
  • говор на омраза врз основа на СОРИ
  • кривични дела од омраза врз основа на СОРИ
  • барање на азил и привремена заштита поради прогон врз основа на СОРИ
  • родово-базирано насилство, и
  • склучување истополови партнерства/бракови во странски земји

Услугите на правна поддршка и советување се одржуваат во просториите на Субверзивен фронт надвор од работното време на организацијата, во сигурна, пријателска и доверлива атмосфера.