Project description:
Цели и задачи
Главната цел на проектот:
- Да се зголеми соработката на младите од пет земји, за тие да ги зголемат своите знаења и вештини за соодветна и сенсибилна работа со ЛГБТ луѓето, преку неформално образование, со цел да се направи значителен напредок во решавањето на проблемите на оваа ранлива популација на регионално ниво.
Специфични цели:
- Во период од 6 месеци, да се зголемат знаењата и вештините на младите работници за адекватен пристап за работа и поддршка за ЛГБТ луѓето.
- Во период од 6 месеци, да се напише прирачникот за младински работници, кој ќе им овозможат соодветни знаења и вештини за правилен пристап за справување со ЛГБТ луѓето.
- Во период од 12 месеци, да се зголеми учеството на младите работници во ЛГБТ активизам. Во период од 3 месеци да се зголеми информирање на носителите на одлуки, медиумите, донаторската заедница и општата јавност за резултатите од проектот.
Сите проектни активности ќе бидат групирани во 5 циклуси:
- Подготвителни активности за проектот.
- Покана и избор на учесниците.
- Организирање на обуки.
- Подготовка и дистрибуција на печатен водич за младински работници.
- Организацијата на конференцијата.
Координатор на проектот: Асоцијација Дуга – Србија
Партнери во проектот: Субверзивен фронт – Македонија, Бонсаи – Хрватска, Завод за заштита на човековите права “Независни” – Босна и Херцеговина, ЛГБТ форум “Прогрес” – Црна Гора
Времетраење: Август 2016 – Август 2017
Доделениот грант за проектот е 53.560 евра.