ШТО РАБОТИМЕ: / OUR WORK:

Истражување и докази

Субверзивен фронт препознава дека истражувачките иницијативи кои создаваат податоци и докази во врска со потребите и грижите на заедницата на сексуалните и родови малцинства се императивни во развојот на организиран и доказно-поткрепен одговор за решавање на безброј прашања кои влијаат на животот на сексуалните и родовите малцинства во Северна Македонија. Затоа, една од стратешките области на работата на Субверзивен фронт е да се воспостават програми за истражување на локално, национално и регионално ниво, за да се осигураме дека имаме неопходни науки, податоци, и докази, за да ги направиме нашите програми поефективни и да ги искористиме овие истражувања во нашите напори поврзани со застапување полиси.

Развој на заедница

Субверзивен фронт верува дека за да заедницата на сексуалните и родови малцинства во Северна Македонија живее слободно, безбедно и автентично, развојот и градењето на заедницата е од суштинско значење за искористување на средствата на заедницата и ангажирањето со заедницата. Уште еден од стратешките области на работа на Субверзивен фронт е да помогне во развојот на заедницата на сексуалните и родовите малцинства, индивидуално и колективно, за да се осигура дека тие се во првите редови на сите наши активности. Како дел од нашата работа за развој на заедницата, спроведуваме обуки, работилници за само-развој, социјални и спортски настани и едукативни кампањи со заедницата во Северна Македонија. Во моментот, нашата работа се фокусира на прашањата од ментално здравје, социјална благосостојба, човекови и граѓанските права, пристап и користење на правните услуги и поврзаност меѓу заедницата.

Застапување и влијание врз политика

Субверзивен фронт препознава дека структурните фактори, како што се полисите, законите и политиката, влијаат на животот на сексуалните и родовите малцинства во Северна Македонија. Со оглед на тоа, последната стратешка област на работа на Субверзивен фронт е да се залага за политики и закони кои се однесуваат на потребите на заедницата на сексуални и родови малцинства и ја гарантираат нивната заштита. Ние тесно соработуваме со владините службеници за да осигураме дека гласот на заедницата на сексуалните и родовите малцинства е соодветно претставен на прашања и полиси кои се важни за да живеат слободно и автентично. Во оваа стратешка област, Субверзивен фронт користи наши и истражувања од други НВО, за поддршка и создавање на соодветни и доказно-базирани полиси. Во моментов, Субверзивен фронт работи со Министерството за труд и социјална политика на застапување на потребите на заедницата на сексуалните и родовите малцинства, одржува состаноци со парламентарните претставници за да ги информира за прашањата на заедницата на сексуалните и родовите малцинства и учествува во релевантни иницијативи и процеси за креирање полиси.

ВЕСТИ / NEWS

Ревизорски извештај за 2022 година

Ревизорскиот извештај за 2022 година можете да го преземете со КЛИК ОВДЕ.

Годишен извештај за 2022 година

Годишниот извештај за 2022 година можете да го преземете со КЛИК ОВДЕ.

Финансиски извештај за 2022 година

Финансискиот извештај за 2022 година можете да го преземете со КЛИК ОВДЕ.

See all our news

НАШИ ПРОЕКТИ / OUR PROJECTS

Сите проекти / All projects

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ / OUR FRIENDS

ФАКТИ ЗА НАС / FACTS ABOUT US

0
Членови / Members
0
Проекти / Projects
0
Донатори / Donors
0
Партнери / Partners

Location:

Reach Out:

+389 76 480 123

[email protected]

skc.mk

Nikola Tesla 2/1-10,
Skopje, North Macedonia

11:00 — 17:00