ШТО РАБОТИМЕ: / OUR WORK:

Истражување и докази

Субверзивен фронт препознава дека истражувачките иницијативи кои создаваат податоци и докази во врска со потребите и грижите на заедницата на сексуалните и родови малцинства се императивни во развојот на организиран и доказно-поткрепен одговор за решавање на безброј прашања кои влијаат на животот на сексуалните и родовите малцинства во Северна Македонија. Затоа, една од стратешките области на работата на Субверзивен фронт е да се воспостават програми за истражување на локално, национално и регионално ниво, за да се осигураме дека имаме неопходни науки, податоци, и докази, за да ги направиме нашите програми поефективни и да ги искористиме овие истражувања во нашите напори поврзани со застапување полиси.

Развој на заедница

Субверзивен фронт верува дека за да заедницата на сексуалните и родови малцинства во Северна Македонија живее слободно, безбедно и автентично, развојот и градењето на заедницата е од суштинско значење за искористување на средствата на заедницата и ангажирањето со заедницата. Уште еден од стратешките области на работа на Субверзивен фронт е да помогне во развојот на заедницата на сексуалните и родовите малцинства, индивидуално и колективно, за да се осигура дека тие се во првите редови на сите наши активности. Како дел од нашата работа за развој на заедницата, спроведуваме обуки, работилници за само-развој, социјални и спортски настани и едукативни кампањи со заедницата во Северна Македонија. Во моментот, нашата работа се фокусира на прашањата од ментално здравје, социјална благосостојба, човекови и граѓанските права, пристап и користење на правните услуги и поврзаност меѓу заедницата.

Застапување и влијание врз политика

Субверзивен фронт препознава дека структурните фактори, како што се полисите, законите и политиката, влијаат на животот на сексуалните и родовите малцинства во Северна Македонија. Со оглед на тоа, последната стратешка област на работа на Субверзивен фронт е да се залага за политики и закони кои се однесуваат на потребите на заедницата на сексуални и родови малцинства и ја гарантираат нивната заштита. Ние тесно соработуваме со владините службеници за да осигураме дека гласот на заедницата на сексуалните и родовите малцинства е соодветно претставен на прашања и полиси кои се важни за да живеат слободно и автентично. Во оваа стратешка област, Субверзивен фронт користи наши и истражувања од други НВО, за поддршка и создавање на соодветни и доказно-базирани полиси. Во моментов, Субверзивен фронт работи со Министерството за труд и социјална политика на застапување на потребите на заедницата на сексуалните и родовите малцинства, одржува состаноци со парламентарните претставници за да ги информира за прашањата на заедницата на сексуалните и родовите малцинства и учествува во релевантни иницијативи и процеси за креирање полиси.

ВЕСТИ / NEWS

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Менаџер/ка на администрација и комуникации

Здружение за сексуални и родови малцинства – Субверзивен фронт, објавува оглас за вработување на работна позиција: Менаџер/ка на администрација и комуникации. Опис на работни задачи: Спроведување на административните задачи на […]

Полугодишен извештај за Скопски квир центар

Во периодот од јануари до јуни 2022, Скопски квир центар постигна уште поголема видливост и препознаеност од страна на ЛГБТИ+ заедницата и тоа го воочивме од континуираниот раст на клиенти […]

Годишен извештај за 2021

Годишниот извештај може да го најдете на следниот линк.

See all our news

НАШИ ПРОЕКТИ / OUR PROJECTS

Сите проекти / All projects

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ / OUR FRIENDS

ФАКТИ ЗА НАС / FACTS ABOUT US

0
Членови / Members
0
Проекти / Projects
0
Донатори / Donors
0
Партнери / Partners

Location:

Reach Out:

+389 76 480 123

[email protected]

skc.mk

Blvd. Kuzman Josifovski - Pitu 19-5/28,
Skopje, North Macedonia

11:00 — 17:00