Во 2015 година регистрирани 699 кривични дела од омраза врз ЛГБТИ-лица и активисти, соопшти ОБСЕ/ОДИХР

2015hcdata2

Во 2015 година извршени се 699 кривични дела од омраза кон лица поради нивната сексуална ориентација и родов идентитет, покажа извештајот на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права, кој неодамна беше објавен (ОБСЕ/ОДИХР).

Во извештајот, чии податоци се темелат на официјални информации од 41 земји и од 113 граѓански организации се наведува дека 434 од криминалните дела биле насилни напади врз лица, 232 биле закани, додека 33 биле напади на имот, сопственост на ЛГБТ лица или организации.

Од Балканскиот регион, односно од земјите членки на ЛГБТИ Асоцијацијата за еднакви права, пријави за кривични дела од омраза има пријавено од Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија и Турција. Во извештајот нема информации за случаи од Македонија.

Во БиХ, Сараевски отворен центар пријавил пет физички напади, одmarine кои еден бил изведен од група лица вооружени со нож, пет закани, од кои три биле вршени подолг временски период, еден инцидент во кој канцеларија за ЛГБТИ права била вандализирана со навредливи графити.

Мисијата на ОБСЕ во БиХ пријавила 21 инциденти во кои мета биле лица или структури поради нивната сексуална ориентација или поврзаност со ЛГБТ заедницата.

Во Хрватска, според официјалните податоци, регистрирани се два физички напада и два случаја на хомофобични закани.

Високиот комесар на ОН за бегалци во Црна Гора пријавил два физички напада и еден случај на закана. Жртви на инцидентите биле геј лица или ЛГБТ активисти.

Во документот се наведува дека „ИЛГА-Јуроп“ и „Гејтин-ЛГБТ“ пријавиле физички напад во Србија, извршен од група врз трансродова двојка, додека „Парксис“ пријавил два физички напада.

Организацијата „Трансџендер Јуроп“ пријавила два физички напада, од кој во еден имало и закани со нож. Лигата за човекови права и борба против дискриминација пријавила физички напад врз четири лезбијки. Истата организација, првично, заедно со Трансџендер Јуроп пријавиле убиство извршено во Турција. Подоцна „Трансџендер Јуроп пријавила уште две убиства, четири силувања, 44 физички напади, од кои во 21 напади било употребено оружје, осум биле извршени од група лица, како и уште два вооружени напада. Организацијата исто така пријавила три подметнати пожари, напад во кој е оштетен имот, еден грабеж, како и две кражби во кои имало и закани.

flagbloodЛондонската правна група пријавила убиство на транродова жена, еден обид за убиство, четири физички напади, од кои еден бил извршен од група лица, а во другиот имало закани со нож.

Директорот на ОДИХР, Мајкл Георг смета дека треба уште многу да се направи за да се надмине оваа појава, но и за целосно да се имплементираат законските одредби со кои се санкционира злосторството од омраза.

Од ОБСЕ наведуваат дека многу од случаите не се пријавуваат и оти правната ситуација на ЛГБТ-лицата од Западен Балкан и Турција и понатаму е проблематична и покрај борбата со злосторството од омраза. Дури и во неколкуте земјите каде во Кривичниот закон е регулирано злосторството од омраза поради сексуалната ориентација или родовиот идентитет, истрагите се неквалитетно спроведени и нецелосни, а информирањето за овие случаи е на особено ниско ниво.