Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет и полови карактеристики

Предметот на оваа анализа е да даде преглед на постоечки закони во законодавството на Република Македонија кои содржат одредби за заштита од дискриминација по различни основи, но не ги вклучуваат основите на сексуална ориентација, родов идентитет и полови карактеристики. Целта на анализата е да укаже на потребата од измени и дополнувања на оваа низа закони со цел хармонизација на истите со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација (кој ги содржи основите на сексуална ориентација и родов идентитет), како и посилно да го промовира принципот на еднаквост и недискриминација врз основа на полови карактеристики со кој се штитат интерполовите (интерсексуалните) луѓе од дискриминација во остварувањето на нивните човекови права. Анализата е изработена во рамките на проектот „Користење на ЕУ-пристапните процеси за унапредување на правата на ЛГБТ луѓето во Западен Балкан“ од страна на Маргарита Цаца Николовска – судија и потпретседател на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Анализата може да се преземе овде: Analiza – Zastita od diskriminacija vrz osnova na SORIPK